Како да го освоите?

kako-da-go-osvoite

Среќата се состои од мали работи, а тоа правило важи и во љубовните врски. За својот сакан не морате да ги симнувате ѕвездите од небото, убаво измасирајте го, направете необична вечера и ќе имате повеќе блискост.

Всушност токму тоа, како што покажало едно истражување, го сакаат мажите во долгите врски.

Еве неколку идеи кои би можеле да ви помогнат:

Учествувајте во неговото хоби

Паровите кои се заедно, играат и остануваат заедно. Возете заедно велосипед, играјте од време на време баскет. Замолете го да ве научи на некои вештини поврзани со неговото хоби. Нему тоа многу ќе му значи.

Донесете му десерт по излегувањето

Иако планирал да ја поминете вечерта сами, не се бунел кога сте му рекле дека сакате да излезете со пријателките. На тој начин покажал разбирање за вашиот живот и за вашите пријатели. Покажете дека го цените тоа и донесете му колач или торта. Малите знаци на внимание ќе допринесат кон јакнење на врската.

Масажа

Тој како и повеќето други мажи, веројатно многу работи и се труди да ја осигури вашата иднина и вашиот заеднички живот. Покажете му дека го цените тоа, почестете го со масажа. Дајте сè од себе да биде се како што треба. Таквите потези, велат стручњаците за врски, ги јакнат односите и ја продлабочуваат врската.

Гответе со љубов

Одвојте еден ден кога ќе му подготвите нешто посебно. На многу мажи, жената во кујна им е привлечна. Згответе нешто поинакво, нешто што до сега не сте го направиле. За дополнително да го зачините зготвеното повикајте го и тој малку да ви помогне, а потоа научете го некоја кулинарска тајна.

Бакнежот за изненадување секогаш годи

Иако веројатно сте уморни од секојдневието, дајте сè од себе за од време на време да го дочекате дома во добро расположение. Значи, немојте да се жалите и немојте да му приговарате. Наместо тоа, сочно бакнете го. Тој бакнеж ќе му користи нему, но и вам. Ако не сте знаеле, бакнежите дополнително го отстрануваат стресот.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg