Кои се најголемите бламажи во сексот?

На секој од нас му се случила барем една од овие работи. Некои луѓе ќе се прават дека се е ОК, некои ќе зборуваат за тоа, а некои ќе се чувствуваат толку посрамено што дури и ќе помислат да раскинат.

koi-se-najgolemite-blamazi-vo-seksot

Дали нешто од сето ова сте доживеале?

Гасови
Сексот по добра порција кебапчиња може да биде секаков, но едно е сигурно: Мирисите кои што доаѓаат во пакет не се баш сензуални. Тука се вбројуваат и мишките кои сега баш се активирале, а да не зборуваме за ненедејното испуштање на гасови кое понекогаш умее да изненади со пропратен звук. Добра вест: Повеќето мажи ова нема да го забележат.

Брзо свршување
Сте очекувале маратон, а сте добиле спринт на 100 метри? Ако вашето момче е многу поиздржливо, а само некогаш му се случува да биде брзо, тоа и не е некоја бламажа. Девојката треба само да му објасни дека тоа се случува и дека не е доведен во прашање неговиот углед.

Суво и меко
Сите сме слушнале за мажите кои што имаат проблеми со ерекцијата, но ретко кој зборува за женскиот еквивалент. Еднаш или два пати е во ред, но ако е тој подготвен, а девојката баш не, сексот ќе биде релативно лош за двајцата. Оваа бламажа можете лесно да ја решите со купување на лубрикант, што е многу поедноставна солуција од онаа кога мажот има проблем.

Менструација
Со неа нема играчка. Кога најмногу треба, таа доцни, а се појавува кога најмалку се надевате. Неочекуваното краварење за време на сексот не е толку голема бламажа кога станува збор за секс со постојаното момче, но може да биде непријатно во комбинација со ново момче.

Трета личност
Сексот во тројка е сон за повеќето мажи, но секс во двојка со неочекувано влегување на мајка, сестра,или поштар во собата е многу непријатно искуство.

Секс од соништата
Не зборуваме за совршен секс, туку за ситуација во која една личност тоне во сон на сред акција. Веруваме дека на мажите тоа ретко им се случува, но сигурни сме дека никому не му е пријатно кога личноста која се обидувате да ја задоволите, едноставно почне да крчи.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg