6 сигнали дека е заљубен

Познато е колку тешко мажите изговараат „те сакам“. Но, и ако не изговорат ниту еден збор, не значи дека немаат длабоки чувства.

6-signali-deka-e-zaljuben

Ова е списокот на сигурните знаци дека мажот е исклучително приврзан.

„Зјапа “ во неа
Мажите се визуелни типови и ако тој ја гледа жената од далеку додека таа нешто работи, или го фиксира погледот кон нејзиното лице, тоа значи дека таа е предмет на неговите желби и обожавања.

Купува храна која таа ја сака
Ако во кујната има од омилените нејзини бисквити, мусли, свежо овошје, или било што кое таа сака да го јаде, тоа значи дека тој мисли на неа и на најмалку романтичните места, во супермаркетот, или на пазар. Тоа сигурно значи дека сака таа да се чувствува убаво и да ужива покрај него.

Зборува за иднината
Ако мажот соопштува било какви намери кои ги има во најблиската иднина, тоа значи дека сака да ја упати неговата поубава половина во неговите планови. Доколку ја спомне и неа и сака да го слушне нејзиното мислење – тој е заљубен.

Го носи џемперот кој таа му го подарила
Мажите не се пребирливи кога е гардеробата во прашање, но ако многу често го носат џемперот, маицата, или пантоланите кои таа му ги подарила, тоа зборува дека му е важно нејзиното мислење и дека му се допаѓа изборот.

Стои покрај неа во кафулето
Ако стои до неа додека го пие кафето, или пијалокот во кафуле, тоа јасно зборува како е позициониран во нејзиниот живот. Ако сè уште не е сигурен во своите чувства ќе стои неколку чекори зад или пред неа. Позицијата „рамо до рамо“ укажува дека е посветен, а во таа положба може нежно да шепоти или кришум да бакне.

Се согласува таа да се јави на неговиот телефон
Ако мажот дозволи таа да се јави на неговиот телефон додека тој е во кујната, бањата... тоа значи дека паднала и последната линија на одбрана на неговата приватност. Таков гест укажува дека тој нема ништо да крие и дека сака се да сподели.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg