Најдобрите и најлошите места за секс

Кога светлата во спалната соба ќе се изгаснат, потребно е да се пронајдат некои нови места за секс.

najdobrite-i-najlosite-mesta-za-seks

Изборот е голем, но првиот чекор до незаборавен секс е одбирањето на вистинска локација. Но, за тоа треба да се води сметка, бидејќи може да биде и непријатно.

НА ОТВОРЕНО

Преценето: на плажа
Движењата на песокот или камчињата може да бидат непријатни и забавени. Задоволството би можело да изостане, а освен тоа песокот лесно може да дојде до чувствителните места и да доведе до спротивен ефект.

Потценето: Во шума
За разлика од плажата, шумата не е така често поврзана со сексот кој може д абиде толку добар да ви заврти во главата. Се што ви треба е вреќа за спиење за двајца, логорски оган и саканата личност до која ќе се припиете.

МОЖНОСТИ

Преценето: на денот на венчавката
Тој ден сите се исцрпени и не ви е баш добро од преголемите изливи на нежности откако голем број роднини ве бакнале и прегрнале. Одете на спиење и чувајте се за медениот месец.

Потценето: Ситните саати во сабота навечер
Кога децата најпосле ќе заспијат, барем на 15 минути, поминете на акција. Ќе бидете изненадени од страста која ќе ве обземе.

МЕСТА

Преценето: Кујнските елементи
Можеби висината им е прилагодена баш онака како што ви треба, но земете ги во предвид сите остри агли кои можат да предизвикаат не толку секси болки во грбот. Факт е дека, без разлика на позата, сексот е сепак најдобар на меки површини.

Потценето: Нов тепих
Има ли подобар начин да проверите дали се вклопува вашиот нов тепих со останатиот мебел отколку со партнерот да им се препуштите на страстите на таа мека површина? Чувството ќе биде како на почетокот од врската, само со поголемо искуство.

СЕКС НА БРЗИНА

Преценето: Секс на брзина во тоалетот на авион
Освен што се неверојатно мали и тесни, тоалетите во авионите не се баш репрезентативен примерок за добар секс. Освен недостатокот на простор ве очекува и непријатен мирис.

Потценето: Тоалет во ресторан или хотел
Доволната количина на простор ќе ви остави место за експерименти, а самиот факт дека правите нешто „лошо“ и забрането ќе ја зголеми возбудата.

АФРОДИЗИЈАЦИ

Преценето: Мед
Заборавете на броењето на калории, но земете го во предвид медот кој за време на сексот може да биде „болен“. Комбинацијата на мед и триење лесно може да доведе до несакана брзилска депилација.

Потценето: Зачинета храна
Лутите, или чили пиперчиња можат дополнително да ви дадат стимуланс. Освен тоа, зачинетата храна ќе спречи прејадување, па ќе бидете порасположени за акција, а не за спиење.

ПРЕДИЗВИК

Преценето: Соба со тргнати завеси
Едно е покрај прозор да се прегрнете и бакнете, а сосема друго да им се препуштите на страстите. Можеби фактот дека комшиите можат да ве видат на дело тој момент ве возбудува, но нема баш да биде пријатно кога наредното утро ќе ги сретнете.

Потценето: Хотелска соба со тргнати завеси
Нема трага од комшиите, а постоти нешто што посебно ве возбудува во фактот дека некој сепак кришум би можел да ве види. Ќе ја добиете потребната возбуда без потенцијално непријатната ситуација да ги сретнете познаниците потоа.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg