5 најдобри видови бакнежи

Денес сè помалку се бакнуваме. Време баш и се нема, а забрзаното животно темпо повеќе нè влече на секс, често без многу бакнежи.

5-najdobri-vidovi-baknezi

Сепак, тие за повеќето жени и мажи се најдрагиот дел од врската.

Покрај советот да се бакнувате почесто, ви претставуваме пет видови бакнежи кои најмногу ги сакаме.

Првиот бакнеж

Било да станува збор за некој кој долго ви се допаѓа, или за некого кого неодамна сте го запознале, на првиот бакнеж секогаш се сеќавате, па дури и ако не е толку добар, подобар е од сите останати.

Бакнеж во чело

Кога станува збор за некого кого само сакаме да го соблечеме, не е најдобар, но ако станува збор за некого кого навистина го сакаме, бакнежот во чело е нешто најслатко на светот. Секако не предизвикува напад на страст, но сигурни сме дека е посладок од чоколадо.

Најпосле... бакнеж

Бакнежот кој му го давате на своето момче/девојка кои тукушто се вратиле од двомесечно патување не е баш најнежен, но е еден од најдобрите што постојат. Многумина го повредиле својот партнер непрактикувајќи ваков бакнеж, но за тоа не можеме да им се налутиме.

Без зборови

Бакнежот кој доаѓа ненадејно, а одушевува секогаш. Најчесто се случува во клубовите каде што двајцата партнери знаат што се случува, но никој не сака да го направи првиот чекор. Страсен, брз и неочекуван; овој бакнеж е нешто поради што секогаш се смеете, дури и денови потоа.

На дожд

Романтичен, особено ако внесете малку драма. Иако најчесто се случува само на филм, понекогаш наидуваме на некој во вистинскиот живот. Ова е тип на бакнеж кој потполно ќе ни го сврти вниманието од фактот дека киснеме и дека веројатно ќе настинеме.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg