„Растворливиот“ кондом штити од сексуално преносливи заболувања

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон направиле кондом кој има двојна функција: ја спречува бременоста и штити од сексуално преносливи заболувања.

rastvorliviot-kondom-stiti-od-seksualno-prenoslivi-zaboluvanja

Изработен е од ситни микро влакна со методата наречена „електроспининг“. Влакна слични на текстилните, направени од лековити средства, може да се сплетат во тенки мрежи, а потоа, по употребата да се растворат во човечкиот организам, во рок од неколку минути до неколку дена.

Овој кондом не само што го спречува продирањето на сперматозоидите, туку испушта и мешавина на лекови против ХИВ и контрацептивни средства.

Новата технологија, која чини милион долари, користи електрично поле за создавање на многу тенки влакна чија величина се мери во нанометри.

Ким Вудроу, профсор на Универзитетот во Вашингтон вели:

- Сакаме да создадеме производ кој жените ќе го користат за да се заштитат од ХИВ и од несаканата бременост. Имаме лекови за тоа. Се работи само за тоа да бидат во најделотворен облик и лесни за употреба.

Новата метода овозможува контролирано ослободување на неколку состојки – објаснува Камерон Бол, студент кој учествува во исражувањето.

Една од состојките на кондомот се разложува во рок од неколку минути, што обезбедува моментална заштита, а другите влакна се раствораат во рок од неколку денови и играат улога на контрацепција и заштита од инфекции.

Би можело да ве интересира:

„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
4-минутна предигра која може да ја зголеми возбудата во спалната соба (18+) Предиграта е важен дел од сексуалната интимност која вклучува физичка и емоциона...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Што мразат жените во кревет и уште 6 прашања за сексот што мажите се плашат да ги постават (18+) Дали жените уживаат во орален секс, зошто тешко доживуваат оргазам и дали чувств...
Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“ „Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со ко...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg