10 ситуации кои не смее да ги има во спалната соба

Што и да сакате паравите во креветот, од испробување на разни пози до секси помагала, сè е прифатливо додека уживате во тоа. Но, постојат некои работи кои се неприфатливи, а еве кои.

10-situacii-koi-ne-smee-da-gi-ima-vo-spalnata-soba

Јавување на телефон
Кој и да ве бара додека водите љубов, може да почека. Ако се јавите, би можело да ви се случи во креветот да не ве чека никој кога ќе се вратите.

Погрешно име
Дали тоа ви се случило? Ако одговорот е – да, тогаш знаете каква катастрофа е тоа, ако не ви се случило – така нека остане.

Партнерот не е акробат
Ако инсистирате на тоа позата да се менува на секои пет секунди, тоа воопшто не е забавно.

Никогаш не смее да потече крв
Да се биде нешто погруб во креветот е едно, но да се биде толку груб е апсолутно неприфатливо.

Не престанувајте да бидете она што сте
Ако некому му се допаѓате онакви какви што сте, немојте во креветот да се обидувате да бидете некој друг, освен ако не се работи за „игра“.

Не бегајте
Неприфатливо е веднаш по сексот да станете и да си отидете.

Не ги заборавајте бакнежите
Секако дека кај некои пози бакнежите не се возможни, но треба да се одржува поврзаноста со партнерот. Ако нема бакнежи, оставате впечаток дека партнерот не ви значи.

Немојте да глумите
Нема потреба за тоа, навистина. Не е фер, а освен тоа кога-тогаш ќе ви се удри од глава.

Немојте да лажете
Ако се преправате за време на сексот, да кажеме лажете дека ја сакате мисионерската поза, кога ќе бидете во таа поза ќе ве издаде изразот на лицето. Нема смисла да се лаже кога е сексот во прашање. Искреноста и отвореноста се вистинскиот пат до взаемното уживање.

Ах таа непријатна тишина
Ако сакате на партнерот да му дадете до знаење дека уживате, тогаш немојте да молчите како да ве нема. Никој не вели дека треба да разговарате за време на сексот, но по некоја воздишка нема да штети.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg