Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од што се плашат мажите при секс

Дали сум добар љубовник? Дали мојот пенис е доволно голем? Дали ќе остане бремена? Тоа се само некои од прашањата кои на многумина мажи им се вртат во главата.

od-sto-se-plasat-mazite-pri-seks

Дури и оние со најголема самодоверба имаат свои стравови кога е сексот во прашање. Што е она најмногу што ги плаши?

Големината на пенисот

Многу мажи се загрижени за големината на нивниот пенис. Се плашат дека со својата величина нема да успеат да ја задоволат партнерката и дека ќе потфрлат како љубовници. Стручњаците велат дека е добро мажите од време на време да се потсетат дека големината и не е толку важна. Партнерката повеќе ќе ужива ако мажот знае да ја користи „опремата“ коај ја има и тоа на најдобар можен начин.

Љубовни вештини

Дури и оние кои ќе се заколнат дека се вешти љубовници од време на време ќе се запрашаат дали навистина се добри љубовници. Љубовните вештини особено ги загрижуваат мажите кои стапуваат во нови врски и сакаат да и покажат на партнерката дека се одлични љубовници. Факт е дека мажот никогаш не може точно да знае каков љубовник е, освен ако партнерката директно не му каже. Сепак, нејзините воздивки за време на сексот можат да му кажат многу за неговите љубовни вештини.

Траење на сексот

Дали сексот ќе трае прекратко? Или, можеби предолго? И тоа ги оптоварува мажите бидејќи се плашат дека на крајот на настапот нема да добијат признание кое силно го поскуваат. Живееме во време во кое за многу проблеми постојат решенија. Ако пребрзо „финишираат“, треба да се обратат на лекар и да видат што може да се поправи. Ако пак тешко доаѓаат до „финишот“, треба да размислат што доведува до тоа. Обично проблемот е психолошки, па не би било лошо за поразговараат со некого за тоа.

Изостанок на ерекција

Ова е можеби најголемиот страв за сите мажи. На мажите кои за тоа многу често размислуваат, тоа и им се случува бидејќи недостатокот на ерекција обично го предизвикуваат психолошките проблеми. Во нешто поретки случаи причината е од физичка природа. Она што може да направат е да престанат да мислат за тоа. Ако не можат, треба да побараат стручњак за разговор кој ќе им помогне својата концентрација да ја насочат кон нешто друго.

Бременост и полови заболувања

Ова е исто така чест страв на мажите. За да се заштитат од несакана бременост, но и од полови заболувања, најдобро е да користат кондом. Всушност ако не се сигурни во партнерот, најдбро е да се воздржуваат од секс. Ако се во стабилна врска своите стравови треба да ги споделат со партнерот и заеднички да се договорат за стратегијата.

Лош секс

Многу мажи стравуваат дека партнерката нема да ги исполни нивните очекувања и дека ќе им се случи лош секс. Од тоа особено стравуваат пред првиот секс со нова партнерка. Стручњаците велат дека тоа е лош став и дека некои мажи имаат преголеми очекувања. Тоа што партнерката не се покажала веднаш како вистински експерт во креветот, не значи дека е лоша љубовница. Можеби и треба малку време и зближување.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg