Тајни знаци кои откриваат каков е во кревет

Иако чинот на запознавање во кревет е многу сензуален момент, жените кои го поминале неколку пати и при тоа се разочарале, веќе се заситиле.

tajni-znaci-koi-otkrivaat-kakov-e-vo-krevet

Но, постојат знаци кои може да помогнат во потрагата за „вистинскиот“, оној кој ќе ја здоволи жената и ќе и овозможи незаборавно искуство.

Дознајте ги трите знаци кои откриваат каков е тој во креветот.

1. Бакнеж

- Францускиот бакнеж е вистинска игра на заведување и многу лесно може да го открие добриот љубовник. Да се стави јазикот направото место е вистинска уметност, па затоа ако при бакнувањето ви поминат морници по телото, може да се очекува вистинско уживање во водењето љубов.

- Кога мажот сам одбере момент кога ќе ја бакне жената и тоа излезе спонтано и сексипилно, знајте дека станува збор за играч од прва лига.

- Грешките при бакнувањето на почетокот од врската се дозволени, но судирањето со забите во текот на бакнежот – никако. Бакнеж од овој тип открива неспретен маж кој не знае што би правел со жената, а камоли да ја задоволи.

- Превлажен бакнеж со неконтролирано вртење со јазикот е знак дека мажот има многу малку километража кога е сексот во прашање. Таков бакнеж открива неискусен маж кој едвај чека да дојде до целта.

2. Допир

Допирите, особено во фазата на запознавање, баш како и бакнежот се еден вид на предигра од која што може да се дознае многу за потенцијалниот партнер.

- Пренагли и пречести допири во текот на запознавањето не се добар знак. Таков маж е малку себичен и посесивен па своите потреби ќе ги стави на прво место.

- Нежни допири или гестови како лесно тргање на праменот од лицето на жената или нежен допир на нејзината рака, симболизираат заводник кој знае како да задоволи жена.

- Недостаток контакт е уште еден лош показател. Тоа може да значи дека е срамежлив, што може да биде симпатично и таинствено, но до одредена граница, или пак се плаши да ја допре жената поради недостатокот од искуство.

3. Храна

- Ако мажот јаде многу бргу и како да не видел храна, при тоа не водејќи сметка за вкусот ниту за изгледот на храната, многу е веројатно дека така се однесува и во сексот. Сака на брзина да дојде до финишот, не водејќи сметка за потребите на партнерката.

- Кога мажот ужива во секој залак значи дека може да пружи незаборавно искуство. Мажот од овој тип сака игри и галење и знае многу добро како да ја задоволи жената.

- Некој кој е избирлив и има многу истенчен вкус за храна, па повеќето работи не сака да ги види на чинијата, значи дека и во креветот не сака да експериментира со нови задоволства. Сака рутина и секој новитет го прави нервозен и несигурен.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg