Сексуален фитнес

Еден вид на вежбање кое сигурно ќе ви одговара и би ви бил интересен! Сексуалниот фитнес е поволен и за помладите и за оние кои се во...



... позрели години.

Здравје + кондиција = добар секс
Ние најчесто го запоставуваме фактот дека здравиот сексуален живот зависи од здравствената состојба, и тоа најмногу од здравото срце и ниското ниво на холестерол во крвта. Здраво срце овозможува добра циркулација на крвта што е клучен предуслов за квалитетен сексуален однос!

Секс и фитнес... мажи
Истражувањата за физичката и сексуалната активност направени на мажи од средна возраст, покажаа дека оние мажи кои вежбале во текот на целиот живот многу подобро ја задржуваат нивната кондиција во сексуална смисла, за разлика од оние кои не биле активни.

Но, исто така неактивните мажи кои почнале да вежбаат станале сексуално многу поактивни по 9 месеци редовно вежбање, нивните проблеми со ерекцијата се многу поретки, а доживеале и оргазам во многу поголем процент.
seksualen-fitnes1
Секс и фитнес... жени
Редовните тренинзи кај жените ги намалуваат срцевите удари и наглите промени на расположението.
Редовните вежби исто така го балансираат нивото на естроген, што помага во смирување и спречување на други негативни последици карактеристични за периодот на менопауза, а исто така кои се поврзани со сексуалноста.

Тестостерон: господар на сексот
Дали сте знаеле дека тестостеронот е одговорен за сексуалната желба и кај мажите и кај жените? Кога нивото на тестостеронот е ниско, сексуалната желба е исто така ниска.
Вежби во комбинација со балансирана исхрана овозможуваат природно обновување на тестостеронот и помагаат телото да ја надомести загубата.

Стресот ја намалува сексуалната желба
Доколку имате редовни вежби, ќе ви биде многу полесно да се справите со стресот што ја намалува сексуалната желба. Стресот ја намалува желбата и потребата за секс и ја зголемува можноста за појава на разни заболувања.

Редовните и средно - интензивни вежби го ослободуваат телото од стрес и напнатост, а го јакнат имунолошкиот систем.

Истегнување за поеластични мускули и разни сексуални позиции
Може да практикувате истегнување за време на сексуалната фитнес програма. Важно е да се истегнете по завршување на секоја вежба додека вашите мускули се сеуште загреани. Вашиот партнер треба исто така да практикува истегнување.
Кажете му/и колку е ова важно. Доколку заедно се истегнувате по сексот, ќе добиете многу поквалитетно заеднички поминато време и многу поинтимна врска.

Уживајте во вежбањето и бидете во одлична сексуална кондиција!

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg