10 особини кои мажите најмногу ги сакаат кај жените

Иако некои жени можеби нема да се согласат, мажите се едноставни суштества во кои нема многу филозофија, особено ако се подготвени да ви го подарат срцето.

10-osobini-koi-mazite-najmnogu-gi-sakaat-kaj-zenite

Дознајте на што не можат да им одолеат мажите.

1. Искреност
Вистинскиот маж почитува искрена жена. Во светот на лажни комплименти и љубомора искреноста е вистинско освежување. За мажот не постои ништо подобро од жена која искрено ќе му одговори на поставеното прашање. Можеби и ќе се налути, но добро ќе размисли за кажаното.

2.Сочувство
Мажите и жените се различни и баш како што тие нема да разберат како е да се биде во женска кожа и жените не можат да знаат како е да се биде во машка кожа. Кога им е тешко или кога нешто ги мачи на мажите им е важно жената да ги сослуша и барем да се обиде да ги разбере, без разлика колку звучи тоа неважно.

3. Прифаќање
Сите сме свесни дека секој има мани. Баш како и жените и мажите посакуваат партнерот да ги прифати онакви какви што се. Од копање по минатото и обиди да се смени возрасна личност нема да излезе ништо добро.

4. Доверба
Ако мажот покажал дека е личност од доверба, она што на секој маж многу му значи е да знае дали партнерката му верува. Тоа му дава сила и сигурност.

5. Амбиции
Секој амбициозен маж ја посакува оваа особина кај својата партнерка. Органзираната, деловна жена (или домаќинка) тие ја сметаат за секси.

6. Домаќински инстинкт
На вистинскиот маж не му треба домаќинка која не ја симнува престилката и секој ден готви и чисти, туку личност која во нивното љубовно гнездо ќе внесе топлина, интима и рамнотежа. Мажите го сакаат чувството на сигурност кое може да му го пружи само жена.

7. Поддршка
Иако изгледаат силни и самостојни, на мажите им е потребна поддршка, односно личност која верува во нив. Ако жената на која и го дал срцето верува во него, тоа го прави подобар човек.

8. Приземна
Нема ништо поубаво од жена која се чувствува добро во својата кожа и на која не и е потребно материјалното за да покаже љубов. Тоа му овозможува да го спушти својот штит, да се покаже во вистинска светлина и да открие колку му значи жената, но не со подароци туку со дела.

9. Доследна
Мажот сака жената да има свој став, а уште му е помило кога жената цврсто застанува во негова одбрана. На вистинскиот маж доследноста му е мотивација да биде подобар.

10. Единствена
Мажите сакаат природна жена која се преставува во вистинската светлина. Тие ги обожуваат сите нејзини мани и доблести.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава