Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научете да се карате

Караниците и расправиите се дел од секоја врска. Не е возможно да го делите животот со некого и да поминувате толку време заедно, а да не дојде до недоразбирање...

 


... па макар и да е некоја глупост.

Викањето не е најдобар начин за решавање напроблемите. Аргументите кои ги имате би требало да ја зацврстат вашата врска, а не да ја загрозат.

Еве неколку правила кои треба да ги знаете кога се карате со саканиот/ата.


1. Без навредување и викањеnaucete-da-se-karate1
Најлошо е кога во екот на караницата без контрола се кажуваат работи кои не се мислат. Затоа без навреди!

2. Фокусирајте се на проблемот
Нема смисла во расправијата која започнала заради одредена причина да почнувате да набројувате се што ви пречело некогаш, тоа само ќе ја искомплицира ситуацијата и кој знае во која насока ќе го одведе проблемот.

3. Имајте цел
Започнување расправија без цел не е баш паметно. Целта е да најдете решение и двајцата да бидете задоволни.

Ако имате добри аргументи тие ќе ве одведат до компромис, а компромисот до решавање на проблемите.

4. Заборавете на расправија под дејство на алкохол
Алкохолот влијае на моќта на пресудување, на говорот и слушањето. Расправијата најверојатно ќе заврши лошо.

5. Седнете и гледајте еден во друг
Гледајте се во очи. Можноста за експлозивни испади се намалени кога се разговара на овој начин.

6. Кажете дека ви е жал - И кога ќе заврши расправијата немојте да си заминете. Кажете му на партнерот дека сепак ви е жал за аргументите кои сте ги навеле - тоа сепак му значи на партнерот.

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Најлошата врска во животот ќе ти биде со маж кој не се кае (што те повредува) Најлошата врска во твојот живот ќе ти биде со маж кој не се кае што те повредува...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Чекајте барем 6 недели, користете лубриканти – Што треба да знаете за интимните односи по породување... Штотуку сте донеле на свет нов живот, па нормално е да чувствувате промени, како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg