Што добивате од љубовта?

Без дополнителни приказни и совети за љубовта, дознајте кои се реалните работи кои таа ви ги нуди, секојдневно.

sto-dobivate-od-ljubovta-01

Ве ослободува од стрес

По напорниот работен ден, сите нервози и стресни ситуации не се толку важни кога сте во прегратката на својот партнер. Сексот ве опушта и предизвикува лачење на допамин, која успешно ги разградува хормоните за стрес и го зголемува лачењето на ендорфинот.

Го подобрува здравјето

Страсното гушкање го зајакнува имунолишкиот систем, ја подобрува работата на срцето и крвотокот и го стимулира метаболизмот. Покрај тоа, кожата станува поубава и поздрава.

Ја враќа насмевката

Страста и еротиката, од една страна ќе го мотивираат вашиот мозок да размислува подобро и поефикасно, а од друга ќе бидете среќни поради блискоста и топлината која ја доживувате со партнерот.

Одлична форма

Водете љубов 12 минути и ќе потрошите 400 калории, а за 30 минути жежок секс, трошите енергија како после 40 минути џогинг.

Полесно решавање на проблемите

Кога достигнувате зрела фаза во врската, се соочувате со проблеми кои треба заеднички да ги решите. Олеснителна околност е што нема да мора самите да ги донесувате сите важни одлуки.

Две глави секогаш размислуваат подобро од една.

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава