Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“

„Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љубовта значи трпение и болка. Направив сѐ за вас, ја жртвував својата среќа, своето достоинство, па дури и себе - затоа што верував дека нашиот однос вреди...“

poraka-do-moite-bivshi-vi-blagodaram-shto-me-skrshivte-do-tochka-od-koja-konechno-ja-vidov-vistinata-01.jpg

Милица Оливер е писателка и поетеса од Србија, која дел од своите дела сака да ги споделува на Фејсбук, па така сподели емотивна објава посветена до сите поранешни партнери

Таа нагласува дека е тешко кога една жена е скршена, но понекогаш дека токму тоа ѝ е потребно за да сфати некои работи.

Нејзината емотивна објава:

Заслужувам подобро

Ви благодарам што ме скршивте до точка од која конечно ја видов вистината — не заслужувам луѓе како вас.

Бев толку оддана, што останував покрај вас без разлика колку пати ме излажавте и повредивте.
Го дадов секој дел од себе, дури и кога ме третиравте како ништо.

Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љубовта значи трпение и болка.
Направив сѐ за вас — ја жртвував својата среќа, своето достоинство, па дури и себе — затоа што верував дека нашиот однос вреди.

Мислев дека еден ден ќе го сфатите тоа и ќе ме сакате на ист начин.

Но, благодарам.

Ви благодарам што уште еднаш ми покажавте колку малку ме цените.
Благодарам, не затоа што ја заслужив болката, туку затоа што ми ги отворивте очите.

poraka-do-moite-bivshi-vi-blagodaram-shto-me-skrshivte-do-tochka-od-koja-konechno-ja-vidov-vistinata-02.jpg

Не заслужувам да ме третирате како да сум за еднократна употреба.
Не заслужувам постојано скршено срце, вечно преиспитување на својата вредност или срам поради тоа што сум верувала дека не сум доволна.

Потрошив толку многу време мислејќи дека вие го држите клучот од мојата среќа, а клучот цело време бил кај мене.

Но не повеќе.

Престанав да молам за минимум. Престанав да го жртвувам својот мир само за вам да ви биде удобно.
Дел по дел, повторно се составувам. И овојпат ја градам верзијата од себе која ја знае својата вредност.

Ви благодарам.

Ви благодарам што ме скршивте, за конечно да видам, да знам и да можам да станам — без вас.
Заслужувам подобро — и сега навистина верувам во тоа.

Прочитајте и „Долго време живеев сама, се будев сама, пиев кафе сама... Зошто е важно да знаеш да бидеш сама?“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg