Жената ве сака кога...

Вечната дилема за тоа што сакаат жените или кога ги сакаат мажите е конечно разрешена.

zenata-ve-saka-koga-1

Иако жените се комплицирани во поглед на љубовта кон мажите, можат да бидат многу едноставни, само треба момчето да ги препознае моментите кои ја радуваат и ја тераат се повеќе да се заљубува во него секој ден.

Момци ова се некои од тие моменти во кои таа ве сака неизмерно и се радува што ве има покрај себе.

- Жената ве сака кога ја гледате во очи неа и само неа.

- Жената ве сака кога ја галите нејзината коса кажувајќи ѝ дека е прекрасна и совршена.

- Жената ве сака кога се смеете на нејзините шеги, но и кога ја засмејувате со вашите шеги.

- Жената ве сака кога се чувствува сигурна во ваши прегратки и вие сте водачот кој го следи во животот, но сепак дозволувате и таа да ве води кога го знае патот.

- Жената ве сака кога ѝ давате одговорност за која сте и кажувале дека не е способна да ја изврши, како на пример да го паркира вашиот автомобил.

- Жената ве сака кога ѝ давате предност, ја отворате вратата за неа или го поттргнувате столчето за да седне, едноставно.

- Жената ве сака кога ѝ дозволувате да доминира во сексот и покажувате дека навистина е добра во нејзината доминација.

zenata-ve-saka-koga-2

- Жената ве сака кога ја будите со појадок во кревет бакнувајќи го нејзиното чело, бидејќи тоа е знак на почит и вистинска љубов зад која се крие грижата која бидете сигурни дека ќе ви ја возврати.

- Жената ве сака кога гледате во други жени бидејќи така ќе се почувствува несигурна во својата положба покрај вас и ќе се труди да ве задржи иако го мрази тоа чувство на несигурност.

- Жената ве сака кога навистина ќе го одржите зборот и ќе го изгледате ветениот филм заедно до крај.

- Жената ве сака кога сте искрени.

- Жената ве сака кога вие ќе ја засакате во нејзината природна состојба со разбушавена коса и без шминка, а притоа ќе ѝ кажете дека сепак е најубава за вас.

- Жената ве сака кога цврсто ја држите за рака и не се срамите да ја покажете во јавност вашата наклонетост кон неа.

- Жената сака кога ќе ја изненадите без причина.

- Жената ве сака кога ќе ѝ дозволите да ја плати сметката во ресторан бидејќи тогаш се чувствува независна и горда пред вас, а и пред себеси.

- Жената ве сака кога патувате со неа на непозната дестинација и заедно откривате нови работи непознати за вас двајцата за првпат.

- Жената ве сака кога и вие ја сакате, без резерва, детски и искрено!

zenata-ve-saka-koga-3

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава