На 42 години првпат доживеав оргазам и конечно сфатив каде е проблемот

Многу жени се мачат за до доживеат оргазам - пробуваат различни пози, се обидуваат со мастурбирање и реквизити, но едноставно не им успева.

na-42-godini-prvpat-doziveav-orgazam-i-konecno-sfativ-kade-e-problemot-1.jpg

Истиот проблем го имала и 45-годишната жена која сакала да остане анонимна, но и да ја реши најголемата женска заблуда поврзана со сексот.

Ова е нејзината исповед:

„Невиноста ја изгубив на 19 години со тогашното момче и бев разочарана од искуството. Со желба да истражувам, спиев со уште неколку момчиња, но никогаш не доживеав оргазам. За жал, тоа се продолжи и во 20-те и траеше и во 30-те години.

Ниту едно сексуално искуство не ми донесе ништо прекрасно, се разбира, ниту оргазам. Тогаш се одлучив да не спијам со никој додека не се омажам и така и беше - се венчав на 36 години и се надевав дека сексот во бракот ќе биде нешто сосема поинакво и подобро.

Додека имавме секс, мојот сопруг беше трпелив и упорен да открие што ми одговара и да ми овозможи оргазам, но не успеа. Така ми поминаа неколку години во сексуален мрак и одлучив дека е време нешто да преземам.

Посетив гинеколог и му го раскажав мојот проблем, а потоа по негов налог ми земаа крв. На крајот излезе дека се работи за премногу ниско ниво на тестостерон и дека заради тоа моето тело не е во можност да доживее оргазам. Гинекологот ми откри дека ова е многу чест проблем кај жените, но ретко се открива затоа што тие не му придаваат доволно голема важност.

Тој ми препорача хормонска терапија и гледање порно филмови и го послушав. За само 1 година почувствував благо подобрување, но и понатаму не искусив оргазам.

По 2 години, искрено не знам како се случи, но со сопругот имавме секс цели 45 минути, што се случуваше ретко. Тогаш конечно го открив врвот на задоволството - во својата 42-ра година.

Тоа е како некој да ви објаснува каков е вкусот на чоколадото. Но, додека не пробате немате никаква претстава.

Мило ми е што после 23 години секс, конечно почувствував што значи оргазам.“

Оваа жена им препорачува на сите останати во светот кои не можат да постигнат оргазам да си го проверат нивото на тестостерон, затоа што оргазмот е чувство кое мора да го доживеете.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава