Имаме иднина

Зошто се можеме да вратиме назад, освен тебе и времето. Изминува времето, а јас се уште сум тука. Дождот паѓа, исто како порано. Дали го гледаш дождот кој тропа на твојот прозорец трудејќи се да ги разбуди затворените очи на кои им треба вистината. Зошто ги затвораш очите пред секоја лага?

imame-idnina-01.jpg

Утре е нов ден. Не знам зошто, но во мене се уште владее немир, кој те чека тебе. И веќе не можам да трагам кон минатото кое копа по нечија болка. Дождот повторно паѓа...И денес, и утре... Само гулабицата на прозорот останала да чека подобри времиња. И јас со неа. Но, барем јас гледам кон утре и таму гледам сонце кое ме прегрнува  и талкам заедно со него по среќата. Ќе ја најдам зошто верувам во судбината, а не во привиденија кои одеднаш доаѓаат по мене само да бараат спомени кои одамна изумреле чекајќи една слика на хоризонтот која никогаш не дошла.

Сега чекорам. Сакам да чекорам по дождот, бидејќи тој ја брише тагата, гревовите...Неговите капки по твоето лице сокриваат дека плачеш за она што поминало и веќе никогаш не се враќа. Зошто нештата се толку мрачни кога се е уште е ден и до квечерината има уште многу минути, мигови.  А секој миг е голем и задушлив кога мислам на нешта кои одамна само разумов не ги споменува. Како што ти не ме споменуваш мене... Веќе одамна.

Времето полека изминува, а јас чекам некоја небесна порака која ќе ми шепне дека се е сон кој утре ќе биде изминат, избледен. И небото слуша, пораката доаѓа. Јас не и верувам. Веќе одамна не верувам во зборови зошто го крадат срцето кога најмалку чекаш. Тогаш остануваме без илузиите, нештата по кои сме копнееле и се станува тежина временска која полека одминува, но никако да замине. Посакувам да знам каде си и зошто патиштата не те одведат до дождот... А дождот е во моиве дланки. Замини од сенките на минатото кои се појавуваат кога полната месечина излегува од исток и со магична светлина танцува пред мојот прозорец.

Заборави го минатото, затоа што јас се уште верувам дека имаме иднина.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава