Кој е идеалниот маж, а која е идеалната жена?

Постојано се водат дебати за тоа кој е подобар: мажите или жените. Од една страна, Американците нè нападнаа со стотици книги и теории дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Од друга страна, реалноста вели дека и мажите како и жените се од Земјата, па помирете се со тоа.

koj-e-idealniot-maz-a-koja-idealnata-zena-01.jpg

Единствениот проблем е во третманот којшто го добиваме додека сме деца. Додека момчињата потсвесно ги воспитуваме да покажат цврстина, моќ и агресивност, девојчињата се учат на слаткоречивост, нежност и наивност.

Дали сме во право или не, тешко дека некој може да докаже.

Денес сè повеќе сретнуваме феминизирани момци и мажествени девојки. Некои проблемот го бараат во хормоните, други во мас–медиумите, трети во психата.

Сепак, голем дел од вас ќе се согласат дека комбинацијата мажествен маж и женствена жена е најхармоничниот пар.

Од некоја трета страна, кој е пак идеалниот маж?

Тоа е оној кој е силен.

Cилата на мажот не е во тежината на предметите коишто може да ги крене, туку во тежината којашто може да ја разбере и надмине, силата на мажот не е во тоа колку добри другари има, туку во тоа колку добар другар е со своите деца, силата на мажот не е во јачината на неговиот глас, туку во нежните зборови кои ви ги шепоти, силата на мажот не е во тоа колку силно удира, туку во тоа колку нежно допира...

И силата на мажот не е во мускулатурата на неговите гради туку во срцето кое чука само за една жена во неговите гради!

Која е пак идеалната жена?

Онаа која е силна.

Таа знае да се избори и да ги контролира своите емоции, таа може да премести тежок предмет без машка помош, може сама да отвори конзерва, таа е со партнерот по свој избор, а не поради стравот дека ќе биде сама.

Таа е агресивна кога треба, питома кога е во негови раце, дива во кревет.

Силната жена е пожртвувана мајка и секси сопруга.

Што би рекле, вистинската жена за секој маж е дама пред пријателите и колегите, домаќинка во кујната и нимфоманка во доцните ноќни часови.

koj-e-idealniot-maz-a-koja-idealnata-zena-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава