Мажите открија: 10 Работи кои ги обожаваат на женското лице

Заборавете на впечатливата шминка и на вештачката насмевка. Момците сакаат нешто сосема поразлично.

Mazhite-otkrija-10-Raboti-koi-gi-obozhavaat-na-zhenskoto-lice-01.jpg

Ако бевте дел од оние кои мислат дека момците не сакаат само сексапилна облека, атрактивни девојки и агресивен став – тогаш сте биле во право!

Тие конечно се огласија што најмногу ги привлекува: ЛИЦЕТО!

Ова се 10 работи од долгата листа:


Кога таа ќе погледне во мене, а јас нежно ќе и ја тргнам косата од лицето

„Ова е за нас сосемa природно. Тоа значи – Драго ми е што имам девојка како тебе и уживам во времето поминато со тебе“.


Кога од сонцето ќе ѝ излезат пеги

„Најчесто луѓето кои имаат пеги, мислат дека се чудни и грди, на сите други им се допаѓаат. Тоа е исто како оние што имаат права коса - сакаат да имаат виткана и обратно“.


Кога несвесно ќе си ја прегризе устата додека чита книга

„Ова е толку секси! Можеби и една од најсекси работите кои може да ги направи“.


Кога ме гледа во очи

„Можеби клише, но така е! Многу песни се напишани токму на таа тема“.


Дупчиња на образите

„Насмевка и тие две прекрасни дупчиња на образите – нема поубаво! Никој не знае зошто ги сака, но на сите им се преслатки“.


Мали набори на челото кога ќе се намурти

„Не станува збор за муртење од лутина или тага – тоа ниту еден маж не го сака за својата дама. Туку, кога занесено зборуваат за нешто, па благо ќе се намуртат“.


Гримасата која ја прави кога ќе се изнервира

„Да понекогаш сакаме намерно да ги нервираме девојките, но тоа е само затоа што изгледа неодоливо кога е изнервирана и кога ќе ја направи таа смешна фаца“.


Насмевката откако ќе ме здогледа

„Кога ќе помислам на сите проблеми притисокот ми расте. Но, тогаш ќе ми текне на нејзиниот поглед и веќе сè е полесно“.


Изразот на ликот што го прави пред да се бакнеме

„Тој поглед не се опишува, тој е причината зошто мажите сакаат да ги изненадуваат девојките со бакнежи. И тоа по цел ден“.


Благо нагласени образи и јаболчници

„Благо нагласените јаболкници изгледаат фантастично на секоја девојка“.

Би можело да ве интересира:

Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава