Дозволи ми да се вљубам во твојата темнина

Искрено те замолувам, престани да ми ја продаваш твојата совршеност.

dozvoli-mi-da-se-vljubam-vo-tvojata-temnina-001.jpg

И ти имаш маани и јас имам маани, а и двајцата ги носиме своите сјајни наметки направени од доблести и квалитети. Наметките когa-тогаш мора да се симнат, кога денот си заминува и светлата се гаснат, од светлоста и добрината се ослободуваме како од змиска кожа.

Кажи ми што криеш, што се крие длабоко во твојата кожа, што не сакаш светот да дознае од страв дека ќе се прикажеш во поинакво светло.

Кажи ми за сите оние пати и времиња кога не си можел да се спасиш. Дај ми ги твоите скршени делови, твоите фрагменти и парчиња, сè што долго време ти тежело на рамениците.

Кажи ми каде беше првиот пат кога се загуби себеси. Кажи ми на кои начини никогаш не успеа да се вратиш во својата првобитна форма.

Дај ми ја мапата на твоите координати до најмрачните страни, местата каде се наоѓаат твоите неосвоени демони. Дозволи ми да ги видам. Дозволи ми да посегнам по нив и да ги допрам, да ги почувствувам.

Дај ми ги твоите недостатоци. Раскажи ми ја приказната кога за првпат не стана личноста која посакуваше да бидеш и сите начини на кои дозволи твоите фантазии да изумрат. Кажи ми ги твоите каења, твоите неостварени соништа кои сè уште се длабоко вкоренети во тебе, под твојата кожа.

Покажи ми ги планините кои никогаш не успеа да ги освоиш, бидејќи не постои потешка војна од онаа која ја имаме против себеси, против патиштата кои никогаш не сме ги достигнале.

Дај ми ги твоите борби и нечистотии. Раскажи ми ја приказната за најлошото нешто што си го направил во твојот живот. Раскажи ми за најмрачната работа за која и ден денес се каеш, онаа работа која сè уште се движи во твојот крвоток, која одвреме навреме ти се појавува како грутка во грлото, кнедла кога ниту една чаша вода не може да ја спушти надоле.

Кажи ми која е најголемата грешка во твојот живот. Кажи ми како директно те погоди во душа, како ти остави трајна рана за која не постои лек.

Раскажи ми за сите оние ноќи кога не можете да заспиеш, ниту да се погледнеш во огледалото, затоа што лудилото на твојот ум те држеше буден.

Покажи ми ги твоите пороци за да можам да ги споредам со моите.

Раскажи ми за сите начини на кои знаеш дека можеш да се исплашиш од сопствената темнина.

Дозволи ми да се заљубам во твоите човечки делови – битките кои не можеш да ги освоиш, раните кои не можат да заздрават и сите начини на кои знаеш дека не си доволен самиот на себеси.

Дај ми ги твојата радост и болка во еднаква мерка.

Не ги сакам твоите добри намери и желби. Те сакам како целина, ја сакам твојата длабочина, твојата светлина и твојот мрак, твоите скршени делови. Дозволи ми да се вљубам во твоите скршени и скрпени делови,

Дозволи ми да се вљубам во она што ти недостасува и оние работи кои сè уште те мачат длабоко во ноќта.

Покажи ми ги твоите најслаби страни, а јас ќе ги откријам твоите најсилни страни.

Би можело да ве интересира:

Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава