Пoгледите кажуваат сѐ...

Имам чудни пориви во мрачни часови и посакувам случајно да се најдам во твоите раце. Да се завиткам како ќебенце и да поспијам како да времево ќе запре. Камо да запираше љубов…

pogledite-se-kazhuvaat-001.jpg

Камо да го запираше сето ова што во мене предизвикува бури, а најсилно и најгласно ти го премолчувам секој пат кога ќе те видам.

И ми доаѓа да кажам, ми доаѓа да вриснам, а се плашам дека ти ќе знаеш. Но, сепак секогаш знам дека e залудно. Ова секогаш ќе биде залудно.

Ми доаѓа да ти се нацртам во три наутро со некој глупав филм и вино, со израз кој моли за прошка, а никогаш ништо не сум згрешила.

Ми доаѓа да те сакам, а секогаш прескокнувам.

Дека знаеш, дека знам…

За жал, ти си опцијата која никогаш не би ја избрала.

И знаеме зошто.

И молчиме…молчиме толку гласно додека огнот и желбата ни ги горат душите искапени во криците на нашите битија, проткаени со меѓусебни случувања длабоко преплетени во нашата есенција.

Молчам јас, молчиш ти, а погледите сѐ кажуваат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава