Дали бурмата на мажот му ја крева „цената“, а на жената ѝ ја намалува?

Баба ми ни го остави целиот накит, со исклучок на бурмата. Со неа сакам да ме закопате, велеше отсекогаш.

Mazite-so-burmi-se-pogolem-predizvik-za-slobodnite-zeni-01.jpg

Ја задевав дека можеби така ќе си го најде дедо на горниот свет, ќе се познаат по бурмите.

Но, ниту баба ми, ниту дедо не ги извадија бурмите од прстот до последниот миг.

Баба ми особено си ја галеше бурмата со некое мило задоволство. Не вреди скоро ништо, тенка е и целата искривена, но си ја сакам најмногу од сè што имам во кутијата, ми велеше постојано.

Јас пораснав со идејата дека бурмата има особено значење. Таа е симбол на бракот, на љубовта и верноста.

Денес, не сфаќам како некои луѓе ги вадат од себе веднаш по склучувањето на бракот.

„Не сум навикнат да носам прстен“. „Алергична сум на накит“. „Не ми оди со облеката“. „Чудно ми е да ја носам“. „Мала ми е бурмата“.

Изговори од обете страни. Особено ми е мизерно кога ќе видам мажи, па и жени дури, како кришум ги вадат бурмите и ги пикаат во џебот.

Мислите дека така сте попривлечни или што? Која ви е поентата?

На една неодамнешна дискусија пак, се изначитав коментари дека мажите со бурми се попривлечни за жените. Тоа им дава до знаење дека се доволни добри, па затоа се веќе женети.

По таа патетична логика, сите кои не се мажени/женети – не се доволни добри. И сите мажи кои се веќе женети – се совршени.

Од друга страна, логиката за жените е обратна. Жената која носи бурма, има пониска вредност „на пазарот“.

Веќе е мажена, врзана е за некого, сигурно има и дечиња... пфффф, не е интересна. Носи бурма.

Не дека бурмата е некој вид на окови кои ќе го спречат некого да изневерува. Со или без неа, на прстот или во џебот, ако некој решил да биде неверен нема да го спречи ниту бурмата, ниту бутур.

Но, сепак убаво е да се носи. Убаво е да знаете дека припаѓате некому и некој ви припаѓа вам.

Убаво е чувството кога ќе ја погледнете на раката и се потсетувате на сè што симболизира таа – денот на вашата свадба, ветувањето за во добро и зло, љубов.

Некој ве чека дома. Некој се грижи за вас. Некој смета на вашата помош.

И без разлика дали другите сметаат дека е смешно и старомодно што си ја носите, или дека бурмата на раката ви ја спушта или крева цената, вие никогаш не заборавајте што претставува таа.

Дека љубите и сте љубени. 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава