Бракот низ очите на мудар маж: „Индивидуално сме силни - но, заедно сме непобедливи“

Многубројни статии денес го анализираат бракот како институција, со аргументот дека е едноставно преценeт. Дека истиот е старомоден модел на социјална заедница која треба да ја надминеме, бидејќи е нефункционален и честопати осуден на пропаст.

brakot-niz-ocite-na-eden-mudar-maz-individualno-sme-silni-no-zaedno-sme-nepobedlivi-1.jpg

Бракот според некои е само илузија на среќа, тој ја задушува вашата независност и индивидуалност. Вообичаено сме сведоци како жените најчесто се ставаат во одбрана на ваквите тврдења, но никој не остана рамнодушен на искрениот коментар на еден маж во врска со брачната заедница:

„Некако ми е жал за оваа личност. Мора да имала родители кои биле многу несреќни во бракот. Работата е што, луѓето ја употребуваат таа реченица „Ти ме исполнуваш целосно“, бидејќи е точна.

Јас можам да одам на работа. Можам сам да си ги плаќам сметките. Можам сам да си го научам детето на сите важни лекции. Можам слободно да излезам со пријателите и да си поминам супер. Можам да бидам среќен и да се адаптирам и сам.

Сепак, одбирам да ги правам сите овие работи и многу повеќе заедно со жена ми. Таа не е некаков „специјален додаток“. Не е некоја пред која јас треба да одговарам, ниту таа пред мене. Таа ме исполнува целосно, бидејќи таму каде што јас сум слаб, таа е силна и обратно.

Таа е мојот партнер, мојот другар. И секако дека ние двајцата можеме да стоиме сами по себе, одделно. Но, немаме потреба од тоа.

Не можам да ја замислам внатрешната горчина на некој кој тврди дека е најдобро да се биде целосно независен. Не сакам сам да ја носам целата тежина на светот на моите раменици. Повеќе би сакал да ѝ помогнам на мојата сакана жена со нејзините тегоби, додека таа ми помага да балансирам со тежината на моите раменици.

Ние сме индивидуално силни, но заедно сме непобедливи. И јас одбивам да верувам во ова апсолутно безумие дека сме во брак само заради некаков социјален притисок од страна на општеството. Ние не се помиривме да бидеме еден со друг само колку да бидеме со некого, ние се правиме среќни еден со друг. Подобри. Посигурни. Не гледам никаков проблем во тоа.

Можеби бракот не е за некои луѓе. Но, да кажете дека оние коишто се дел од брачна заедница се самозалажуваат еден со друг, а оние кои не се женат/мажат се поспособни и независни, тоа се само лоши зборови кои се излеале од нечие пенкало“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава