Од сите мои лудости, тоа што те сакам, е најголемата

Сакам да возам лудо, иако немам дозвола. Сакам да скокнам уште 100 пати банџи.

od-site-moi-ludosti-toa-shto-te-sakam-e-najgolemata-01.jpg

Сакам да се качувам на највисоките згради и да пијам кафе, висејќи со нозете надолу. Сакам да го почувствувам тој адреналин кој ме прави да се чувствувам живо.

Сакам да бидам со тебе, колку и да е лошо тоа за мене. Сакам сè што е забрането. Секогаш кога ќе те видам во мене се буди тоа истото чувство како кога возам 260 на час. Има нешто во тебе, што бранува сè во мене.

Но, не, не е сè во тоа како ти паѓа косичката преку едното око, не е сè во тоа како најсилно ме прегрнуваш, не е сè во начинот на кој ме гледаш, не е сè во времето, кое кога сме заедно лета.

Има нешто и во срцата. Нашите срца како магнети се влечат меѓу себе. Како плус и минус сме, толку различни, а толку исти.

Ти, неодолив, полн со шарм, вешт со зборови, стопати мислиш пред да направиш нешто, а јас, јас во себе носам немирен дух кој ме тера да правам навистина луди работи без воопшто да мислам на последиците. Но, можеби најлудото нешто е што на моето срце стои твоето име. И ниедно друго лудило нема да го избрише.

Љубов или лудило сме јас и ти? Не те сакам зашто си ми забранет и да не ми беше ќе те сакав повеќе од себе. Само што ако си мој? Секој ден ќе ти покажувам колку те сакам на најлудите можни начини.

Ќе пратам некој да те киднапира на паркинг пред работа и да те донесе на највисоката точка на градот кај што ќе пиеме до зајдисонце. Ќе организирам бенд да ги свири твоите омилени песни во некој бар. Ќе ти дојдам пред зграда во 3 сабајле и ќе викам на сиот глас колку те сакам, додека не ги разбудам сите соседи. Нема да дозволам ниту еден ден да заборавиш колку те сакам.

Но, ти мислиш дека среќата треба да ја барам на друго место, не во тебе. Знаеш, во право си, навистина има момци кои би дале сè за да се со мене. Кои би лудувале заедно со мене, место да ме прекоруваат за сè што ќе направам. Некој ќе ме сака и нема да ми вели да засакам друг.  Да, некој ќе ме сака на најсовршениот начин на кој те сакам, но тоа нема да бидеш ти. Некој друг ќе ме прави среќна, додека ти уживаш во твојот совршено испланиран живот.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава