Што им е заедничко на жените кои редовно доживуваат оргазам?

Општо познато е дека секс авантурите во кои жените доживуваат по 10 оргазми во само една партија е вистински мит! Чест на исклучоците, но време е да се сфати сериозно фактот дека жените многу потешко успеваат да доживеат оргазам.

shto-im-e-zaednichko-na-devojkite-koi-redovno-dozivuvaat-orgazam-2.jpg

Според објавата „Archives of sexual Behavior“ резултатите од спроведеното истражување покажале дека жените кои редовно доживуваат оргазам имаат неколку заеднички навики. Притоа тие доживувале и имале слично сексуално искуство. Па така, жените кои најчесто доживуваат оргазми се фокусираат на предиграта, комуницираат отворено со својот партнер и често воведуваат нови правила на игра во кревет.

Истражувањето се фокусирало и на еден друг аспект.  Станува збор за ситуации надвор од спалната соба. Жените кои се посреќни во животот и во врската со партнерот, генерално доживуваат почесто оргазам од оние девојки кои не се задоволни од изборот на партнер.

За да дојдат до ваквите заклучоци, авторите на истражувањето направиле анализа на фреквенциите на оргазмот на повеќе од 50.000 мажи и жени во САД. Во истраќуваето биле вклучени освен хетеросексуалците, хомосексуалците и бисексуалците.

Според крајните заклучоци 95% од машките, хетеросексуални, испитаници, редовно доживуваат оргазам за време на сексуално интимните односи. За разлика од нив, само 65% од хетеросексуалните женски испитаници доживуваат оргазам за време на интимниот чин.

Интересен е фактот што 86% од женските испитаници кои се хомосексуално ориентирани редовно го достигнуваат врво за време на сексуалниот однос. Ваквиот јаз помеѓу хетеросексуалните и хомосексуалните женски испитаници се должи на фактот дека жените кои имаат секс со жени не обрнуваат внимание на пенетрацијата и на сексуалниот однос гледаат од посензуален аспект.

Затоа девојки, доколку сакате да го зголемите вашето сексуално задоволство, комуницирајте отворено за своите сексуални желби и потреби, пробувајте нови пози и едноставно применете дел од вашите еротски фантазии.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава