Само 5 зборови се доволни тој да се вљуби во вас

Женското срце умее да биде толку многу скршено, што на крајот голем дел креваат раце од љубовта и остануваат емоционално испразнети.

samo-6-zborovi-se-dovolni-toj-da-se-vljubi-vo-vas-1.jpg

Една жена која доживеала непријатен развод после 13 години брак ја објаснува својата тајна -  како само 6 зборови се доволни некој да се вљуби во вас.

„Сакам само да си поминеме убаво, не барам ништо долгорочно.

НЕ СЕ ВЉУБУВАЈ ВО МЕНЕ“.

Обратната психологија очигледно има сé уште огромно влијание врз сите нас.

Тоа е како да му кажете на мало дете - нема чоколадо пред ручек, нема играње со таа играчка сега. На што мисли тоа? Нормално, мисли само на чоколадото и играчката.

Од друга страна, девојките кои навистина доживеале многу љубовни порази и разочарувања едноставно не оддаваат вибрација дека се особено заинтересирани за сериозна љубовна врска или губење време со некого. Тоа дополнително го интересира и возбудува спротивниот пол.

Колку изгледате помалку заинтересирано и неосвоиво, толку повеќе сте интересни за „бркање“ и освојување.

Еден од мажите кои биле заинтересирани ѝ се обратил на жената велејќи ѝ дека знае зошто таа е сингл. Бидејќи ги турка и одвраќа сите околу неа.

Тоа се покажало како точно. Сепак, голем дел од мажите, вклучувајќи го и него повторно се враќале кај неа. Која е причината поради тоа?

Таа решила малку да истражува. Почнала да пребарува на интернет сакајќи да дознае на кој начин се вљубуваат мажите во жените. При тоа открила неколку интересни податоци. Имено, вљубувањето се одвива на 3 начини:

Природен начин. Мистериозна искра кој не може да се дефинира. Веројатно тука се оние пеперутки во стомакот, љубовта едноставно се случува и не може да се објасни, просто ја чувствуваш. Без разлика дали станува збор за хемија, феромони или необјаснива животинска привлечност, љубовта е веќе тука и планира да се задржи подолго време.

Малкумина се доволни среќни да го доживеат ова чувство.

Подмолен начин. Од прилика играта се одвива топло-ладно. Давате трошки, а потоа се повлекувате. Исчезнувате на некое време. Се враќате токму во моментот кога тој сака да крене раце од вас, повторно будејќи му го интересот. Кога работите тргнале онака како што треба, повторно се оддалечувате без причина. И така до бесконечност, како некој лош маѓепсан љубовен круг.

Ова е лош манипулативен начин кој потврдува дека секој сака добар предизвик пред себе. Проблемот, освен што не станува збор за вистинска љубов, е дека целиот процес е деструктивен и неискрен. Со цел да го задржи заинтересиран мора постојано да ја играте играта, но ова не може да трае вечно. Крајот е неизбежен и двајцата губат.

Мајчински начин. Го извлекувате најдоброто од него, го охрабрувате, му давате постојано поддршка. Енергијата на луѓето се движи онаму каде што доаѓа вниманието. Кој не сака ласкање, внимание, поддршка, негување? Овој тип на љубов е онаа полна поддршка, онаа која мотивира и инспирира, па најчесто е проследена со успех.

Од нејзините искуства таа потврдува дека најефикасен е подмолниот начин, употребувајќи ги гореспоменатите 5 зборови. Не се вљубувај во мене.

Тоа е како да го предизвикуваш на некоја игра и му нагласуваш дека тој нема да е победникот.

Комбинирано со топло-ладно однесување, се потврдило дека мажите ја губат главата и на некој начин се опседнуваат со жената. И се вљубуваат во неа или барем мислат дека навистина се вљубени.

Но, ништо добро не излегува на крајот од сето тоа.

Затоа таа советува да бидете добра личност. Да бидете искрени, чесни, да не земате учество во подмолни манипулативни игри. Можеби срцето ќе ви биде скршено, но ќе се чувствувате подобро отколку кога манипулирате некого.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава