Мажите се согласни: Кои женски фотки им одат на нерви?

Доколку мислевте дека сеприсутниот „дак фејс“, односно прчењето на усните, претставува најиритантната поза за припадниците на посилниот пол – грешка сте.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-1.jpg

Пристигна најтоплото, а за многумина и најомиленото годишно доба, па наскоро ќе тргнеме и на заслужениот летен одмор.

Нè очекуваат коктели, сонце, плажа, добра забава, и, секако, овековечување на убавите мигови со мобилниот телефон, па објавување на најдобрите фотографии на Инстаграм.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-2.jpg

А, кога се фотографиите во прашање, добро е да знаете кои се сликите што девојките често ги споделуваат, а мажите открија дека не сакаат да ги видат на нивните профили.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-3.jpg

Ваквите фотки може да се сретнат на повеќето различни социјални мрежи, а ако мислевте дека сеприсутниот „дак фејс“, односно прчењето на усните, и натаму претставува најиритантната поза за припадниците на посилниот пол – погрешивте.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-4.jpg

Мажите признаваат дека многу полошо од тоа им е плазењето на јазикот, бидејќи таквото позирање го сметаат за детинесто.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-5.jpg

Искрената насмевка уште еднаш се покажува како проверено добра формула за освојување, додека позирањето со напрчени усни или исплазен јазик, момците го доживуваат како исфорсирано и „глумење лудило“.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-6.jpg

Се разбира, од критики не се поштедени ниту самите тие, затоа што уште полошо е кога главни актери на овие фотки се мажествени фраери со исплазени јазици.

mazhite-se-soglasni-koi-zhenski-fotki-im-odat-na-nervi-7.jpg

Што мислите вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава