Интимни исповеди на мажи: Зошто плаќам за секс?

Тие сакаат да се релаксираат без осуди, критики и обврски за во иднината. Неколку мажи проговорија зошто плаќаат за секс.

intimni-ispovedi-na-trojca-mazi-zoshto-plakjam-za-seks-01.jpg

Плаќањето за секс е табу тема, но постои и во Македонија. И некако прави да се запрашате кои се тие мажи што одлучуваат да платат за секс?

Зошто го прават тоа, наместо да најдат некоја девојка или жена која ќе биде соодветна за нив?

Дознајте од интимната исповед на тројца мажи:

Сингл

Јас кога плаќам за секс се гледам само со девојки што ќе ги запознаам на социјалните мрежи или што ми ги препорачал некој пријател.
Потребна ми е физичка интимност, но сексот повеќе не ми е прв на листата. Сфатив дека сексуалните работнички ми се начин да избегам од моето стресно секојдневие. Таму сум вистинскиот јас, физички и емоционално, без критики и осуда.
Сакам да имам интимно искуство без очекувања за обврски и долгорочна врска и го добивам тоа. Понекогаш не ни имам секс со нив, потребна ми е само средба за опуштање.

intimni-ispovedi-na-trojca-mazi-zoshto-plakjam-za-seks-02.jpg

Разведен

Јас сум сингл татко, кој не излегува навечер многу и немам можност да запознаам некоја жена.
Сам сум веќе 5 години и понекогаш имам потреба од друго човечко суштество. Плус, ми се допаѓа дека тие прават сè што ќе побарам, без да ми судат.
Земам многу лекарства, а со тоа доаѓа и до пад на либидото, па ако не се покажам пред сексуалната работничка не чувствувам многу стрес и притисок да се објаснувам, за разлика во други ситуации. Многу пати дури и се откажувам и не ни пробувам.

Женет

Мојата сопруга некако како да нема потреба за секс. Се чувствувам осамено, изолирано и понижено. Затоа од време навреме плаќам за сека.
Чувството да бидам со некој без постојано да добивам критики некако е ослободувачко.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава