8 парови ширум светот откриваат како се запознале и вљубиле
Од Ирска до Португалија, светот е преполн со вљубени парови. Без разлика дали преку стројници или преку Фејсбук, тие не забораваат како се запознале.

Секој заслужува љубов и порано или подоцна ќе ја пронајде, а овие парови успеаја во тоа.
Индија, Непал, Белорусија, Јапонија, светот е преполн со двојки што се обожаваат еден со друг и што со насмевка на лицето се среќаваат на денот кога се запознале.
Парови ширум светот проговорија за своите судбоносни средби:
Nnhucche Bahadur и Raywoti Amatya од Непал се сретнале на нивниот свадбен ден пред 59 години и оттогаш се заедно.

Pramodini Roul од Индија закрепнувала од напад со солна киселина и се запознале со Saroj Sahoo во болницата, каде била лекувана.

Chad и Jenny Ostrom од Њујорк се запознале на првиот ден на факултет пред 19 години.

Rute Magalhaes и Filipe Alves од Португалија се запознале преку интернет пред 12 години.

Cathal King и Jessica O'Connor од Ирска ги соединила љубовта кон активностите во природа.

Razhy и Alejandra се сретнале пред 20 години во Мексико, кога Razhy се преселил таму откако бил киднапиран.

Asha и Chandrabhan Ahuja од Индија се запознале пред 47 години, на денот на нивната свршувачка, само 6 дена пред свадбата.

Kazuhiko и Mieko Kobayashi од Јапонија се сретнале пред 55 години. Mieko доцнела цел час на првиот состанок за да види дали Kazuhiko е „сериозен“ во врска со неа.

Пишете ни вие за почетокот на вашата љубовна приказна!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш)
Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“
„Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“
„Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст
Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“
„Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...