10 мажи откриваат: Што се крие зад изговорот „не сум подготвен за врска“?

Најстарата и најчестата причина зошто врските се распаѓаат - не беше подготвен за нешто посериозно.

10-mazi-otkrivaat-sto-se-krie-zad-izgovorot-ne-sum-podgotven-za-vrska-001.jpg

Мажите знаат во повеќе наврати да ја искористат оваа фраза како изговор, но оние најхрабрите решаваат да ни ја „одгатнат“ и да откријат што точно мислат кога ја кажуваат.

„Мажите не се плашат од обврски. Се плашат да ви се обврзат вам. Ако сте со маж кој тврди дека се плаши од нешто посериозно... едноставно не е сигурен дека вие сте правиот избор.“

„Јас лично го користам изговорот бидејќи се знам дека сум циничен по природа и не верувам никому.“

„Зошто се плашам од обврски? Помислата на самата венчавка и на тоа дека сите очи се вперени во мене ме плаши.“

„Чувствувам дека си ја лишувам слободата. Дека станувам слаб. Склон на инциденти. Се плашам од неуспех.“

„Не се плашам од брак. Се плашам од развод. Постојано во глава ми се врти колку тој може да биде комплициран.“

„Мажите не се плашат од самото обврзување, туку не им се чини дека има некаква цел во него.“

„Обично изговорот го користам кога некоја девојка ќе ми го сруши егото или нема да ми ги поддржи амбициите. Тогаш кажувам дека немам ништо посериозно во план.“

„Верувам дека ништо не е гаранција. Постојано ми текнува на луѓе кои ги познавам, кои биле во брак, па повторно изневерувале.“

„Бев во врска 10 години, со жена која правеше да се чувствувам ужасно лошо и грдо. Сега не сакам да ѝ го дозволам тоа на ниту една друга, па затоа го користам изговорот дека не сум подготвен за ништо повеќе.“

„Лесно ми станува здодевно и немам многу длабоки емоции за ниту една ситуација во животот, па верувам дека тоа е причината.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава