Телото не лаже: 7 необични знаци дека сте повљубени одошто мислите

Кога е љубовта во прашање, веројатно многупати досега сте слушнале дека треба да го слушате исклучиво срцето. Меѓутоа, последните истражувања ја демантираат таквата поговорка.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-1.png

Штом ќе ја сретнете вистинската личност, се чини дека целото тело да се обидува да ви го покаже тоа.

Странува збор за карактеристични симптоми, кои посочуваат дека сте се „затрескале до уши“, иако можеби ни самите не сте свесни.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-2.jpg

Ова се седумте необични знаци дека сте повљубени одошто мислите:

1. Потпорни сте на физичка и емоционална болка.

Наспроти ризикот сѐ да заврши со болен прекин на врската, почетокот на љубовта е секогаш безболен. Ама баш ништо не ве допира.

Истражување на Универзитетот од Стенфорд, покажало дека љубовта може да дејствува како дрога или лек, оневозможувајќи мозокот да регистрира болка. Само со гледање фотографии од саканите, учесниците во научната студија почувствувале драстично олеснување. Умерената физичка болка им се намалила за 40 проценти, додека поострата за 10 до 15 проценти. Ваквиот ефект не бил постигнат со слики од другите познаници.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-3.jpg

2. Се чувствувате како опиени.

Виното на првиот романтичен состанок нема никаква заслуга. Кога сте опиени од љубов, може да почувствувате како веќе ништо да не ве плаши. До ова доаѓа поради поголемата доза на окситоцин во телото.

Универзитетот од Бирмингем спровел компаративна анализа за ефектите на алхохолот и окситоцинот врз организмот. Иако влијаат на два различни дела од мозокот,тие имаат мошне слично дејство. Високите нивоа на окситоцин ќе влијаат на тоа да се однесувате „поразлично“ од вообичаено, особено во близина на личноста во која сте „затрескани“.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-4.jpg

3. Тешко ви е да склопите реченица.

Во присуство на симпатијата, имате впечаток како мачка да ви го изела јазикот. Збор со збор не ќе може да сврзете. Главен виновник е зголемената концентрација на адреналин во организмот.

Иако дејството на хормонот епинефрин сѐ уште се испитува, тој со сигурност делува на отчукувањата на срцето, топлината на телото, ама и нервозата што ја чувствувате кога ќе се сретнете со личноста во која сте вљубени.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-5.jpg

4. Се потите.

Не е важно дали е пекол жешко, или, пак, камен ладно. Кога сте заљубени, поинтензивно се потите, особено во пределот на дланките. Помислата на саканата личност ве возбудува, а вашето тело произведува поголема количина на хормони, коишто доведуваат до лачење пот.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-6.jpg

5. На два ума сте како да реагирате.

Кога ќе ја забележите личноста што ви се допаѓа, не сте сигурни дали сакатe да ѝ пријдете, или, пак, да побегнете што подалеку. И со причина. Не се работи за несигурност, туку природен инстинкт.

Феноменот што е познат како одговор на стрес во животинското царство, љубовта го активира и во човечкото тело. Да се борам или да киднам?!

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-7.jpg

6. Не сте гладни.

Пеперутките во стомакот ве спречуваат да јадете, затоа што еден од првите симптоми на заљубувањето е губитокот на апетит. Телесната тежина се намалува, додека либидото се зголемува.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-8.jpg

7. Едноставно блескате.

И не престанувате да се смеете. Изгледате помлади, посвежи и полни сте со живот. Љубовта го зголемува протокот на крв во кожата, снабдувајќи ја со кислород и нутритиенти. Станува блескава, мазна и сјајна –  а, ниту еден крем не е возможно да ја имитира нејзината чудотворна моќ.

teloto-ne-lazhe-7-neobichni-znaci-deka-ste-povljubeni-odoshto-mislite-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg