3 работи од кои момците се плашат, но никогаш нема да признаат

Кога е во прашање љубовта, и момците и девојките делат слични стравови. Разликата е во тоа што посилниот пол ретко отворено ги признава своите несигурности. Тие се уверени дека нивната сила се состои во способноста да ги кријат своите стравови од средината околу нив.

3-raboti-od-koi-momcite-se-plashat-no-nikogash-nema-da-priznaat-001.jpg

Ова се најчестите нешта кои вашето момче никогаш нема да ви ги признае:

Недостаток на искуство

Кога е во прашање нивното искуство со љубовните врски, момците често може малку да „карикираат“ со бројот на партнерки и поранешни девојки.

Тие сакаат да се пофалат со своето богато минато, бидејќи сакаат да изгледаат самоуверено, па често ја прикриваат вистината за да го постигнат тој ефект.

Љубомора

Нема личност во светот која не почувствувала љубомора, но ретко кој тоа го изразува отворено, бидејќи често е знак на недостиг на самодоверба.

Ако партнерот не реагира при споменување на поранешните врски, тоа не значи дека не се појавува љубомора, туку дека успешно ја прикриваат, додека во памет се споредуваат со другите момци во вашата околина.

Финансии

Парите се синоним за моќ и за припадност во одреден слој на општеството. Иако е 21. век, вкоренет е ставот дека мажот е тој што треба да пружи финансиска стабилност на семејството.

Но, кај некои момци, и покрај тоа што веќе е сосема нормално да заработуваат слични суми со партнерката, или таа да зема поголема плата, останува мислењето дека никогаш нема да се остварат како вистински мажи доколку не заработуваат доволно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg