Кое е најпопуларното време за секс кај брачните парови кои се долго заедно?

Работа, деца, обврски, стресови, стари родители, родендени, имендени, слави и некако како да нема време за секс.

koe-e-najpopularnoto-vreme-za-seks-kaj-brachnite-parovi-koi-se-dolgo-zaedno-001.jpg

Дали е во ред со партнерот да си закажете секс за викенд?

Кога ќе прочитате вака можеби ви звучи смешно, но размислете добро колку денови не сте имале секс со сопругот.

Двајцата сте преморени, легнувате во креветот, погледнувате на часовникот и си велите дека ќе го оставите сексот за друг ден. И така одново и одново.

Плус, можеби се прашувате дали сексот ќе биде доволно добар, па да вреди за следниот ден да го минете ненаспани на работа. Дали решението е во закажување на секс за време на викендот?

koe-e-najpopularnoto-vreme-za-seks-kaj-brachnite-parovi-koi-se-dolgo-zaedno-02.jpg

Многумина парови велат ДА, затоа што навечер повеќе нема да чувствувате вина дека избегнувате секс, а наутро нема да се чувствувате обврзани да имате секс кога не ви се отвораат очи, сте безенергични и знаете дека треба да одите на работа. Знаете дека пред вас следува викенд со див секс и не сте загрижени.

Дури и истражување направено во Велика Британија откри дека најпопуларно време за секс е недела во 9 часот, а во сабота во 11:00 часот, 22:30 и 23:30 часот.

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава