Од искуство на жените: Која е разликата меѓу верен маж и прељубник?

Постојат ли уште лојални партнери во денешно време? Ова е прашањето кое си го поставуваат мноштво измамени, прелажани, изневерени и повредени девојки и сопруги од сопствените партнери.

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-1.png

За оние со лоши искуства во минатото, одговорот ќе биде веројатно изненадувачки. Верувале или не, постојат и искрено вљубени мажи, кои ги сакаат, почитуваат и не ги изневеруваат своите девојки и сопруги.

Ова го потврдија повеќе припаднички на понежниот пол, кои покрај себе имаат баш таков партнер. И не само тоа. Жените во брак со лојални животни сопатници, отворено ги споделија квалитетите кои највеќе ги ценат кај своите партнери.

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-2.jpg

Особините според кои го разликуваат верниот маж од прељубникот се:

„Тој ќе ги избрише сите покани за средби. Ќе престане да контактира со други девојки, бидејќи знае дека тоа веќе не му е потребно. Не е заинтересиран да ве замени со ниедна жена. Знае и дека нема потреба од дополнителен план, во случај вашиот однос да не успее, затоа што верува дека ќе бидете заедно до крајот на животот.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-3.jpg

„На него не му е важен само сексот. Ви го цени умот, смислата за хумор и личноста што се крие под вашата кожа. Ужива да поминува време со жената, дури и кога е потполно облечена. Верува дека интимноста е многу повеќе од голото тело. Ве држи за рака, прегрнува и внимателно слуша кога зборувате.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-4.jpg

„Мисли на вас дури и кога не сте присутни во моментот. Ви праќа пораки додека е со пријателите. Се јавува во текот на денот, обидувајќи се да дознае дали сте добро. Постојано ви обрнува внимание, а не само кога сте во иста соба со него.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-5.jpg

„Лојалниот сопруг никогаш и ништо не крие од жената. Напротив. Нејзе ѝ ја открива и темната страна, којашто ја сокрива од остатокот од светот. Не е потребно да му изнудувате одговори. Вие сте неговата слаба точка, па секако ќе ви каже сѐ што сакате да слушнете. Нема никакви тајни помеѓу вас, особено кога се чувствата во прашање.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-6.jpg

„Тој сака целиот свет да знае дека сте заедно. Ве запознава со своето семејство и пријателите. Ве води на настаните што ги организира на работа и сите негови колеги веќе го знаат вашето име.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-7.jpg

„Партнерот одговара на секое ваше прашање, без да бара начин да побегне од непријатните разговори. Ви ја говори вистината, дури и кога е тешко да се слушне. Има почит кон вас, па ќе ви ги каже сите информации, наместо само делови од приказната, сметајќи дека така подобро би звучела.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-8.jpg

„Верниот маж е морален. Не верува во лаги, измами или манипулации. Не ги поддржува прељубничките афери и го изразува своето разочарување кога и да слушне такви вести, затоа што мисли дека никој не заслужува да биде изневерен.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-9.jpg

„Тој е човек на кого може да му верувате. Кога ќе се појави малку подоцна од очекуваното, не се грижите каде бил. Сигурни сте дека не направил ништо лошо. Претпоставувате дека бил на работа, или, пак, со своите пријатели. Не сте параноични, бидејќи знаете дека никогаш нема да ве повреди.“

od-iskustvo-na-zhenite-koja-e-razlikata-megju-veren-mazh-i-preljubnik-10.jpg

„Прави да се чувствувате како најубавата жена во која било просторија. Никогаш не се сомнева во вас и ве охрабрува да се сакате себеси.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg