„Спијам со жената на пријателот. Не би сакал да ги изгубам ни двајцата.“

„Сакав само да помогнам и да испаднам добар другар, а на крајот завршив како љубовник на сопругата на пријателот. Секојдневно се гледам со него, бидејќи работиме заедно. Не знам што да направам.“

spijam-so-zhenata-na-prijatelot-ne-bi-sakal-da-gi-izgubam-ni-dvajcata-001.jpg

Вака започнува интимната исповед на анонимен маж во триесеттите, кој се наоѓа среде тешка дилема, откако се заплеткал во невообичаен љубовен триаголник:

„Со пријателот работиме како доставувачи на мебел. Јас имам 32, а тој 35 години. Се познаваме три години. Отсекогаш се грижел за сè и сешто.

Долго време беше опседнат со идејата дека жената ќе го изневери. На крајот се претвори во посесивен човек што го контролира секој чекор на сопругата. Проверуваше каде е и со кого се наоѓа, бирајќи со кого смее или не смее да се гледа. Таа има 34 години.

Една вечер излегов и ја затекнав во ноќен клуб. Седеше на шанкот и беше видно вознемирена. Другарка ѝ се обидуваше да ја утеши. Им пријдов чисто да видам дали е сè во ред.Таа ми кажа дека претходно се карала со својот маж. Пријателката се брзаше за дома. Рече дека сопругот ја очекува до 1 часот после полноќ. Останавме ние двајцата.

Не беше во состојба да се враќа сама со такси, а јас секако бев подготвен да си одам дома, па ѝ понудив превоз. Во автомобилот потполно се скрши. Ми се исповеда дека веќе не може да издржи со него. Застанав и ја прегрнав, по што таа мене ме бакна. Бев тотално шокиран, ама бакнежот беше прекрасен. Ја доведов дома петнаесетина минути покасно. Тој ја чекал буден и страшно се расправале. Му кажала дека е готово и да си ги спакува неговите работи.

Ми се јави следната вечер и отидов до кај неа за да видам како е. Децата спиеја. Повторно се бакнавме и набрзо завршивме заедно во кревет. Од таа ноќ продолживме да се среќаваме, кога и да најдеме слободно време.

Непријатно ми е ѝ поради целата ситуација. Таа ми раскажува како пријателот секој петок редовно се појавува да ги земе децата за викенд, плачејќи од жал и недостиг по нив. Јас, пак, разведен сум и имам деца кои одат во истото училиште со нивните. Минатиот петок тој дојде да ги собере од школо. Тогаш една од дрдорливите мајки му спомна дека се гледам со неговата жена. Кога ме праша што се случува, некако го излажав дека сум имал нешто да сработам на истата улица. Ми поверува.

Овојпат се извадив, ама следниот пат веројатно нема. Наскоро ќе мора да направам избор. Тој ми е добар другар и го сакам. Од друга страна, сексот со љубовницата ми е фантастичен, па не би сакал да се откажам од неа.

Не сум спремен да го загубам ни пријателот, ниту жешкиот секс...“

spijam-so-zhenata-na-prijatelot-ne-bi-sakal-da-gi-izgubam-ni-dvajcata-2.jpg

Свесен дека ќе мора што поскоро да донесе одлука, тој побара стручно мислење и совет од психотерапевтката и колумнистка Деидре на порталот The Sun, добивајќи го следниот одговор:

„Не ми звучи како твојот однос кон неа да се темели на нешто подлабоко од обичен секс. А, таа сепак е мајка на неговите деца. Ако уште повеќе им се мешаш во бракот на пријателот и сопругата, ризикуваш дополнително да ја загрозиш среќата и стабилноста на децата.

Немој да се плеткаш и да ги комлицираш неговите обиди да ги поправи нештата. Постапи човечно. Прекини ја аферата со љубовницата и дај им прилика барем да се обидат да ги решат проблемите во врската.

Ти имаш мноштво опции. Сигурно надвор ќе си ја пронајдеш среќата со друга жена, којашто нема толкав емоционален багаж.“

spijam-so-zhenata-na-prijatelot-ne-bi-sakal-da-gi-izgubam-ni-dvajcata-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg