Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 знаци дека навистина треба да ја оставите личноста што ве изневери

Мисли дека едно „извини“ е доволно и не е подготвен за зборува до истоштување за проблемот со вас. Дали навистина се кае?

11-znaci-deka-navistina-treba-da-ja-ostavite-lichnosta-shto-ve-izneveri-01.jpg

Дали треба да го оставите партнерот откако ќе ве изневери? Тоа е само ваша лична одлука.

Ако сепак не можете да се одлучите, тогаш овие сигнали ќе ви помогнат во тоа конечно да ја прекинете врската со него.

Знаци дека навистина треба да ја оставите личноста што ве изневери:

Го фативте на дело, но сè уште не признава и не ви ја кажува целата вистина

Тој не е подготвен конечно да ја каже вистината и да почне од почеток да гради доверба во вашата врска. Ова е знак дека врската нема да ви биде долговечна.

Одбива да ви се извини

Тој не сака да ја прифати штетата што ја направил со неверството, како и срамот што доаѓа со тоа. Ако не е способен да се извини, тогаш не е способен ниту одново да ја гради врската со вас.

11-znaci-deka-navistina-treba-da-ja-ostavite-lichnosta-shto-ve-izneveri-02.jpg

Ви кажа „извини“ еднаш и смета дека е доволно

Вие сте истрауматизирани и повредени, а тој мисли дека ќе реши сè само со едно „извини“? Тој треба да знае дека на долг рок треба да го лекува вашето повредено срце.

Не ви открива зошто ве изневерил

Себичен и не сака да сподели детали зошто го сторил тоа, па така и во иднина нема да можете да му верувате.

Вие не сте подготвени да работите на врската

Запрашајте се себеси дали сте подготвени за еден долг процес на поправка на оваа скршена врска? Ако одговорот е негативен, тогаш најдобро е да се разделите.

11-znaci-deka-navistina-treba-da-ja-ostavite-lichnosta-shto-ve-izneveri-04.jpg

Ве измами и сега вината ја наоѓа во нешто друго, а не во себеси

Ако ви каже дека ве изневерил затоа што бил пијан или му било здодевно, тогаш шансите да го стори тоа пак се огромни.

Никој друг во вашиот живот не смета дека треба да му дадете втора шанса

Закрепнувањето по неверство е тешка битка, па ако немате луѓе што ве оправдуваат и поддржуваат да го сторите тоа, тогаш размислете за одлуката. Moжеби навистина не е вреден.

Не е заинтересиран да работи на врската

Од зборување како терапија до комплетна промена на динамиката во врската, плус грижа за вас и ветувања дека нема да се повтори, се работите кои треба да ги прави партнерот откако ве изневерил. Не смее да сопре сè додека не се чувствувате безбедни во врската повторно.

11-znaci-deka-navistina-treba-da-ja-ostavite-lichnosta-shto-ve-izneveri-05.jpg

Сè уште контактира со личноста со која ве изневерил и лаже за тоа

Повторно ви прави работи зад грб. Криењето информации од вас мора да биде казнето.

Причината зошто сакате да останете заедно нема врска со вашиот однос

Ако сакате да останете заедно со него поради децата на пример, тогаш верувајте не им правите услуга.

Не сте подготвени да ја оставите зад себе старата верзија на вашата врска

Сега откако партнерот ве изневери, врската повеќе никогаш нема да ви биде иста. Ако очекувате дека сè ќе биде комплетно исто, тогаш се лажете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg