8 знаци дека е време да почнете да живеете заедно и 8 дека е избрзано
Вселувањето во заеднички дом со партнерот е еден од највозбудливите моменти во врската, но и најризичните.

За да се одлучите на таков чекор, мора да бидете сигурни дека врската е сериозна, дека двајцата го сакате тоа и го правите од вистински причини.
Доколку сте во таква ситуација, веруваме дека сте пред голем предизвик за да донесете паметна одлука, па можеби следниве знаци ќе ви помогнат полесно да одлучите.
8 знаци дека е време да живеете заедно и 8 знаци дека е прерано и избрзувате:
Време е: Подготвени сте за малку потежок период и вложување напор
Рано е: Мислите дека заедничкиот живот ќе ви ги реши проблемите во врската

Време е: Двајцата сте малку нервозни околу целата ситуација што е нормално.
Рано е: Го правите тоа само затоа што се очекува после толку долга врска.

Време е: Двајцата знаете што сакате од врската и во која насока се движите.

Рано е: Никогаш не сте поминале многу време заедно и не сте оделе на заеднички одмори.
Време е: Не го правите тоа од финансиски причини.
Рано е: Немате доволно за да учествувате финансиски во заеднички дом.

Време е: Си ги разбирате и прифаќате меѓусебните навики.
Рано е: Кавгите ви излегуваат од контрола и не знаете на што сте секој пат.

Време е: Сте преминале преку големо несогласување и имате начин на решавање и надминување проблеми.
Рано е: Уште не можете да бидете свои пред партнерот целосно.

Време е: Сте патувале често заедно и сте уживале во времето поминато во заеднички моменти од утро до мрак.

Рано е: Уште не сте имале посериозна кавга и не знаете како би реагирале и што би се случило.
Време е: Нема никакви притисоци од ниту една страна за таков чекор.
Рано е: Вашите цели се целосно различни.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете)
Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото
Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
