Имаат милијарди, на децата не им давале мобилни: Како изгледа бракот на Бил и Мелинда Гејтс?
Родителите на Бил на младенците им подариле две птици кои една до друга заедно зјапаат во хоризонтот, а Мелинда откри дека сè уште го чуваат подарокот на симболиката е навистина одлична затоа што тие двајца речиси секогаш гледаат во иста насока.

Наредната година бил завршен нивниот раскошен дом „Xanadu 2.0“ во Вашингтон, кој беше проценет дека вреди 124 милиони долари во 2016.

Парот има две ќерки и син на кои не им било дозволено користење на телефон до 14-годишна возраст.

Тие ги воспитувале да бидат религиозни и во текот на целото растење им читале книги од различни жанрови.

Бил Гејтс изјави дека неговата сопруга е движечката сила што го држи семејството заедно.

Секое од децата на Гејтс ќе наследи 10 милиони долари од родителите од богатството од 98.1 милијарди долари, а остатокот ќе оди во хуманитарни цели.

Парот сака да им даде доволно пари на децата за да ги следат своите соништа, но не премногу за да можат да лежат цел живот и да не прават ништо.

Денес Мелинда и Бил работат како партнери во нивната фондација, а во 2016 година добија признание и од Барак Обама за нивните напори.

Велат дека речиси и немаат несогласувања, а кога имаат тоа е околу некои тактики на делување и дека Бил не ги носи големите одлуки затоа што е маж, туку ги носат заедно.

Во бракот сметаат дека најважна е довербата и отворениот ум.

Бил откри дека тој е поемотивен, а Мелинда порационална и кога тој навистина ќе стане ентузијастичен за нешто, Мелинда е таа што му посочува дали е реалистичен.

Парот верува дека сите луѓе на светот заслужуваат шанса за здрав и продуктивен живот и даваат сè од себе за да им помогнат на што повеќе луѓе низ светот да го имаат тоа.

Прочитајте и Ја побарал за жена по 3 месеци врска: Како изгледа бракот на Џеф Безос и Мекензи, најбогатиот пар на светот?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа
Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“
„Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“
„Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“
„Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар...
„Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени
„Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...