Не грижи се кога таа се кара со тебе - тишината на жената е поопасна од нејзините зборови

Драг мажу, верувам дека е време да научиш нешто многу важно за жените.

ne-grizhi-se-koga-taa-se-kara-so-tebe-tishinata-na-zhenata-e-poopasna-od-nejzinite-zborovi-01.jpg

Жените зборуваат со јазикот на емоциите. Тоа е единствениот начин да се отворат и да бидат тоа што се пред тебе. Тие не веруваат во криење и срам од своите емоции. Затоа, секогаш одбираат да ги споделат.

Па, треба да го знаеш ова - кога жената се кара со тебе, значи дека се грижи за тебе. Кога е премногу заштитнички поставена и малку љубоморна, тоа е затоа што се плаши дека може да те изгуби.

Не треба да се грижиш за ова. Треба да го цениш фактот што таа те сака толку многу што е подготвена да се кара за да го заштити тоа што го имате.

Не треба да се грижиш кога двајцата ќе заглавите во бескрајна дискусија. Треба да дадеш сè од себе за да ја смириш ситуацијата и да постигнете разумен компромис. Треба да бидеш среќен што вие двајцата имате нешто што е вредно за карање.

Не треба да ја земаш здраво за готово, но и не треба да се плашиш да се соочиш со вашите проблеми. Не треба да се грижиш кога сè што таа сака е да вреска на тебе и да се дави во солзи.

Треба да цениш што била храбра да се отвори пред тебе. Да ја почитуваш нејзината подготвеност да ги направи правилно работите и одлучноста да ја одржи вашата љубов жива.

Бесот и стравот исто така се емоции. Многу моќни емоции. И понекогаш, говорат посилно од љубовта.

Верувал или не, колку и чудно да ти звучи, не треба да се грижиш кога се кара со тебе. Затоа што постојат различни прикази на љубов. Сè што прави, секој дел од својата душа што го споделува е доказ колку многу ѝ значиш.

Кавгите се нормален дел од врската. Личноста која вели дека никогаш не се кара со партнерот - лаже. Ние сме емотивни суштества, различни еден од друг и нормално е да има несогласувања.

Преку кавгите си ги откриваме душите. Кавгите ни помагаат да дознаеме повеќе за себе и за партнерот, да го прифатиме тоа и да ги промениме работите што не ни се допаѓаат. Така растеме.

Не грижи се кога се кара со тебе.

Грижи се кога одеднаш ќе стане тивка, ќе престане да се обидува, ќе престане да разговара со тебе, кога повеќе нема солзи во неа, грижи се тогаш затоа што нејзината тишина е помоќна од нејзините зборови.

Кога ќе престане да се кара значи одлучила да стави крај на сè. Повеќе не си вреден за нејзините солзи.

Огнот во нејзиното срце за тебе е изгаснат. Сега е студена како мраз. Чашата е преполна со емоции и повеќе нема назад. Конечно е подготвена да се откаже од тебе. Повеќе не си вреден за нејзините напори.

Затоа не плаши се кога вреска, реагира и плаче. Плаши се кога ќе престане да се кара. Тоа значи дека повеќе не ѝ е страв да те напушти.

Извор

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg