30 луди совети за девојките што сакаат очајно да се омажат


30 луди совети за девојките што сакаат очајно да се омажат

Дознајте повеќе за девојките со кои никогаш не се оженил и не ги повторувајте нивните грешки. Ако е богат, кажете му дека ве привлекуваат неговите пари, вашата искреност ќе го заинтригира.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-01.jpg

Многу работи биле поинакви во минатото, па така и пристапот кон љубовта.

На социјалните мрежи осамна објава со совети за девојките кои очајно сакаат да се омажат од весникот McCall’s од 1958 година.

Некои од нив се навистина луди и слатко ќе ве насмеат.

Како да сретнете потенцијален сопруг:

- Земете куче и шетајте го.

- Организирајте автомобилот да ви се „расипе“ на вистинското место.

- Гледајте во делот некролог за да видите дали некој добар маж станал вдовец.

- Станете медицинска сестра или стјуардеса – најголеми се шансите да се омажите.

- Во јавен превоз не седнувајте до жени, туку само до мажи.

- Кажете им на сите пријатели дека сакате да се омажите. Тоа не треба да биде тајна.

- Бидете фини со сите, може да имаат браќа или синови соодветни за вас.

- Не плашете се да комуницирате со поубави девојки од вас, може да бирате од мажите кои ги оставаат зад себе.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-02.jpg

Како да привлечете внимание на маж:

- Носете завој, луѓето секогаш ќе ве прашуваат што ви се случило.

- Смејте се на неговите шеги.

- Научете да печете вкусна пита од јаболка, однесете ја на работа и дадете им на ергените.

- Заработувајте повеќе пари.

- Застанете во аголот, нежно плачете за тој да дојде и да праша што не е во ред со вас.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-03.jpg

Што да направите за да изгледате добро во очите на мажот:

- Мажите мислат дека се разбираат во парфеми, па прашајте ги за мислење.

- Купете си очила со убава рамка, мажите сакаат да флертуваат со девојки со очила.

- Носете високи потпетици за да изгледа поатрактивно, освен ако тој не е понизок од вас.

- Кажете му дека е привлечен.

- Грижете се за своето здравје. Мажите не сакаат болни девојки.

- Не му кажувајте за вашите алергии.

- Бидете на диета, ако треба.

- Не бидете многу пребирливи.

- Не цимолете.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-04.jpg

Како да го натерате да се ожени со вас:

- Бидете флексибилни, дури и да ви откаже за на игранка за да се вози со брод, мирно прифатете иако сте во најубавиот фустан.

- Дознајте повеќе за девојките со кои никогаш не се оженил и не ги повторувајте нивните грешки.

- Научете да играте покер.

- Ако е богат, кажете му дека ве привлекуваат неговите пари, вашата искреност ќе го заинтригира.

- Не бидете мамина ќерка, не дозволувајте да дознае дека ќе има проблем со тоа, иако сте сигурни дека ќе има.

- Кажете му дека ризикот за прерана смрт кај сингл мажите е 2 пати поголема отколку кај женетите.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-05.jpg

Луди идеи за најочајните:

- Одете на плажа во ек на сезона и преправајте се дека се давите.

- Ставете си фотографија од вас со вашиот телефон на билборд.

- Земете апарат со вас и барајте слатки странци да ве сликаат.

30-ludi-soveti-za-devojkite-shto-sakaat-ochajno-da-se-omazhat-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто оженетите мажи изневеруваат, дури и кога ја сакаат сво... Разликата помеѓу мажите и жените е огромна. Ова е особено точно кога се работи з...
„Не сакам фраер, туку маж што ќе ме слуша!“ Во кино сала и пред малите екрани, можеби припадничките на понежниот пол ќе возд...
Ситници кои ги прават девојките, а на мажите им го топат срцето Можеби звучи чудно, но и мажите сакаат мали гестови од своите девојки, кои ги ис...