Приказни од хотелот – четврти дел


Приказни од хотелот – четврти дел

Вчера бев препуштена сама на себе, што би се рекло сѐ ми беше „г*з преку глава“... 

prikazni-od-hotelot-chetvrti-del-01.jpg

Вероника зема слободен ден, а јас и Клара останавме да работиме втора смена. Една соба таа, една соба јас и така... Најтешко ми падна што морав да ја истуркам и третата смена сама...

Се тешев дека следниот ден ќе одмарам и ќе си земам слободен ден само за себе, иако знам дека нема да имам срце тоа да го направам, па повторно ќе се залепам на рецепција рамо до рамо со Клара.

Клара си отиде, а јас отидов да си сварам кафе. Ја затворив влезната врата и отидов во кафетеријата, направив кафе и седнав малку да земам здив, да го почувствувам мирисот на тишината, но не за долго...

„Те мразам, гаду еден! Ти само знаеш да ја поминеш ноќта со мене и потоа исчезнуваш! И ноќва ли ќе биде така?“ – заечи некој женски глас

„Мелиса, не е така... Јас те сакам, мила... Ти...“ – ја тешеше некој маж.

„Што јас, бе? Што? Нејзе ѝ даваш рози и шампањ, а мене танга од 60 денари... Притоа ме убедуваш дека ќе ме унапредиш? Така?!“

„Мелиса, знаеш дека Сара ми е само асистент, јас немам ништо со неа“

„Што бе немаш, од кај неа бунди и триста тракатанци? Од платата што ѝ ја даваш? Ма, немој да ме заебаваш.. Што има таа, а јас не?“

„Претеруваш! Ти си љубоморна, од кај да знам од каде ѝ се.... Може мажот ѝ ги купува, не ме интересира... Ама, да ти кажам дека си вистинска лавица во кревет...“

„Лавица во кревет, велиш? Ама изгледа не сум доволно добро штом не можам да те задоволам...“

„Пробај обиди се, можеби ќе бидеш подобра...“

„Признаваш дека си бил со Сара, така?!“

„Не... Туку, еве замисли дека сум бил и ти треба да ја надминеш... Почни со полирање на клучот кој ќе ти го отвори унапредувањето, мислам вратата... Ако ме разбираш...“

„Ох да, ммм...“

Речиси завршив со кафето. Го измив филџанот како права домаќинка и се упатив кон рецепцијата. Живо ме интересираше кој е во собата 206... Немаше информација, т.е. тој е сигурно еден од оние гости кои се „доверливи“...

Часовите изминуваа, а мене ми се чинеше дека поминала цела вечност. Едвај дочекав да дојде првата смена и да му се предадам на креветот, да му паднам во раце... Но, не ми беше судено да си легнам без да наместам уште една соба, и тоа токму соба 206.

Влезе господинот, носеше капа и не можеше добро да му се види ликот. Но, тој ми се обрати:

„Вилма, не ме позна?“ – со продлабочен и сонлив глас се упати кон мене, очите му беа крвави.

„Докторе, ти ли си?“

„Јас сум бе, Вилма...“

„Ох, знаев дека е некој од нашите, хаха“ – кисело се насмеав.

„Фала ти Вилма, девојката е уште горе. Ќе се симне за 10-15 минути... Ајде отидов, ме чека прва смена“

„Допрва?“

„Допрва“ – одговори и си замина.

Земав здив и тргнав да ја подготвувам постелнината. Беше 05:00 часот изутрина, а до првата смена имаше уште три часа... Не смеев да си играм на таа карта да немам чиста соба, ѓаволот знае кога да удри...

Ја видов госпоѓицата како се симнува по скалите, инаку медицинска сестра која посакува да стане негов асистент и да дојде на местото на Сара, очајно го посакува тоа.

Докторот многу пати ми има зборувано за неа. Нема маж, нема ниту дечко... Има само „амбиција“... А, тој... Тој има златна жена и три деца. Две од нив се веќе возрасни и спремни за мажачка и женачка, а третото пупче кое чекаше да расцути.

Плод на верувам тогашната љубов, докторот ми кажа дека спонтано се случило жена му да затрудни, но јас знам дека најмалата ќерка е негова најголема слабост. Ја запознав кога бев на преглед во болницата каде што тој работи.

Секако, таму сме пријатели од некој чуден и посебен свет... Понекогаш ми доаѓа да вриснам, да го затворам хотелот и да заминам некаде далеку од овде... Јас живеам од нивните валкани пари, живеам!

И додека јас почнав да филозофирам за животот и работата, таа најнормално си повика такси и си замина. Додека ја гледав, од самата глетка и јас се смрзнував. Мислам кој не би се мрзнел во фустан кој повеќе личи на ноќница со тенко мантилче...

Влегов во собата... Имаше две шишиња црвено вино, расфрлани влажни марамчиња по целата соба, чашите беа на кревет, дури имаше и хартија од чоколада на масата... Перниците беа на сред кревет, најверојатно ја правеле онаа „четвороножната“... Со еден збор беше вистински хаос кој накрај успешно го средив...

Херојски ги поминав останатите два часа додека да дојде првата смена. Влегоа Антонија и Ребека, ги заземаа своите позиции... А, јас ко јас... Заспав дур да кажеш кек...

*Сите настани и ликови во приказните од овој чуден хотел се измислени, доколку било кој се пронајде во нив – тоа е чиста случајност.

Претходниот дел прочитајте го тука.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Марија Прличкова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таа нема да те збунува, да те плаши, да ти поставува животни прашања -... Понекогаш си мислам како бев премногу комплицирана за твојот живот. Имав многу и...
„Се гледав со манипулатор, тоа беше најужасното искуство во мојот живо... Постојат приказни за онлајн-запознавања кои се еднакви на бајка, но ги има и они...
Приказни од хотелот - втор дел Денес беше вистинска лудница во хотелот. Беше толкав хаос што не се знаеше кој п...