Како мажите препознаваат дека се вљубени во една жена?

Помладите фраери, односно тие во раните дваесетти години, неретко прават сѐ за никој да не забележи дека се затрескани до уши. Оние малку поискусните, пак, веќе се вешти во прикривањето на емоциите. Меѓутоа, кога точно сфаќаат дека чувството кое го имаат кон девојката е вистинска љубов?

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-1.png

Иако се подобри глумци од припадничките на понежниот пол, барем кога е ваквото сценарио во прашање, ним самите во одреден момент им станува комплетно јасно дека силно се заљубиле. Веројатно повеќето љубопитни дами ги интересира на кој начин саканиот доаѓа до ваков заклучок. 

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-2.png

И ќе дознаат од прва рака. На прашањето како препознаваат дека се вљубени во една жена, неколку мажи ги дадоа следните интересни одговори:

„Љубов ми е кога ќе се затекнам себеси како по цел ден размислувам за таа жена, чекам порака од неа, ја спомнувам повеќе од потребното и глупаво се смешкам во нејзина близина, иако немаме изустено ниту збор.“

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-3.png

„Еден од знаците дека сум ја пронашол вистинската ми е барањето мислење и совет од неа во врска со најважните работи и одлуки кои треба да ги донесам.“

„Мене прв показател дека сум заљубен ми е кога девојката ужасно ми недостасува во миговите додека не сме заедно. Во мојот случај, тоа најчесто е заради оддалеченоста. Дури тогаш сфаќам колку ми е важна во животот, како и колку всушност сум вљубен во неа.“

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-4.png

„Знам дека сум се заљубил така што нејзиното име го вметнувам во буквално секој разговор. За што и да почне некој да ми зборува, јас неизбежно мора да ја споменам. И апсолутно сѐ поврзувам со неа.“

„Ако во слободното време и плановите за викенд ја одбирам девојката, а не моите стари добри другари, немам сомнежи дека таа веќе ми го украла срцето.“

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-5.png

„Кога сум вљубен во една жена, тогаш кај неа не ми пречат нештата кои на останатите луѓе не им ги поднесувам. На пример, мразам кога друг човек 'млацка' дури јаде. Но, ако таа млацка, мене баш ми е слатко.“

„Како знам дека ми значи особата и сум вљубен во неа? Едноставно сакам да бидам со неа. Да ѝ се најдам секојпат кога ќе ѝ затребам, да ја прегрнам и да ја бакнувам додека не заспие во моите раце.“

kako-mazhite-prepoznavaat-deka-se-vljubeni-vo-edna-zhena-6.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg