10 нешта што ги напишав за себе кога бев сингл и осамена

Пишувањето може многу да помогне кога се чувствувате осамени, смета блогерката Никол Гарбанзос.

10-neshta-shto-gi-napishav-za-sebe-koga-bev-singl-i-osamena-01.jpg

Таа во својот мобилен телефон ги пронашла записите кои си ги пишувала себе за да се охрабри во сите оние години кога била сингл и осамена.

Сингл-животот си има свои предности, но може да биде депримирачки кога тоа трае долго и кога сите наоколу се во пар.

Ова се нејзините записи:

Писма до идната љубов

22 септември 2013: „Најдраг мој, сакам да знаеш дека си со некој кој преживеал и успеал да се пробие низ трнливи патеки кога бил најслаб.“

4 ноември 2016: „Ме ужаснува помислата да знаеш за лошите нешта од моето минато. Се плашам од сè што ме прави лоша личност, иако ми велиш дека ме сакаш.“

10-neshta-shto-gi-napishav-za-sebe-koga-bev-singl-i-osamena-03.jpg

Записи до себе

6 мај 2015: „Еден ден ќе го запознаам човекот на својот живот и нема да бидам свесна. Знам дека тоа нема да биде ниту утре, ниту идната недела, но ќе се појави и ќе ме освои со целата своја љубов.“

28 мај 2016: „Продолжувам да се соочувам со своите стравови и сум искрена со себе, до степен што успевам самата да се скршам и да плачам поради тоа. Но, напредувам и учам. Бев оштетена, но животот продолжува.“

24 јули 2016: „Толку сум горда на тебе. На тоа во кое се претвораш. Не знам од каде ја црпиш таа мотивација, но очигледно функционира.“

10-neshta-shto-gi-napishav-za-sebe-koga-bev-singl-i-osamena-04.jpg

Писма до поранешните момчиња

12 мај 2015: „Ме сруши во моментот кога ги спуштав штитовите. Прегазив многу правила. Не сакав да се грижам за надворешниот изглед на врската, бидејќи верував дека убавината е тоа што се случува внатре. Сега сум заглавена чистејќи го хаосот кој го остави.“

19 јуни 2016: „Идејата за соништа за него беше отров. Кога и да зборував за цели и намери, тој ме замолчуваше велејќи ми дека го сфаќам животот пресериозно.“

10-neshta-shto-gi-napishav-za-sebe-koga-bev-singl-i-osamena-02.jpg

Свои гледишта

15 мај 2015: „Во моментот кога инвестираш во себе, стануваш повредна личност.“

15 јуни 2014: „Омразата секако губи. Доаѓа поради стравот, кој е знак на слабост. Омразата не може да живее во чист ум.“

18 јуни 2015: „Имам пријатели кои искрено ги сакам. Со години не можев да воспоставам стабилно пријателство бидејќи ниту јас самата не бев стабилна. Денеска, за среќа, сум опкружена со визионери.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg