Се надевам еден ден ќе сфатиш дека некои луѓе не ти се судени

se-nadevam-eden-den-kje-sfatish-deka-nekoi-lugje-ne-ti-se-sudeni-01.jpg

Знам дека ти е тешко да го прифатиш фактот дека животот не е секогаш фер. Знам дека сè уште се обвинуваш себеси за тоа што се случи и знам дека претераното анализирање на работите во твојата глава одново и одново те измачува. Не те обвинувам, бев на местото на кое си ти сега.

Заслепен си од твојата тага. Вината те јаде жив. Очите не ти се доволно отворени за да ја видат вистината.

Твоето срце не е доволно силно за да ја прифати горчливата реалност. Премногу си слаб во моментов за да размислуваш правилно.

И искрено, тоа е сосема нормална реакција со оглед на тоа што ти се случи.

Но има нешто што сакам да ти кажам...

Без разлика колку ти е тешко сега, навистина се надевам дека еден ден конечно ќе ги отвориш очите и ќе сфатиш дека некои работи и луѓе едноставно не ти се судени.

Искрено се надевам дека ќе најдеш сила да соочиш со тоа. Се молам да го сториш тоа.

Мора да најдеш сила да разбереш дека не можеш да преживееш покрај некој што не те сака и дека ти е многу подобро без одредени личности во животот. Нурни си длабоко во срцето и најди храброст за да ги пуштиш овие луѓе да си одат.

Ослободи се од луѓето што прават да се чувствуваш безнадежно. На крајот од денот, тие не се грижат за тебе, зошто ти да се грижиш за нив?

Се надевам ќе сфатиш дека што е запишано во ѕвездите ќе ти се случи и дека работите кои ги туркаш на сила не се за тебе.  Дека не секој што ќе го сретнеш во животот е суден за да остане во него засекогаш. Дека не си доволно моќен за да ја извојуваш секоја битка. И дека животот е еден.

Извор

Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg