Жената може да ти даде многу шанси, но кога завршила со тебе - навистина е готово
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Жената може да ти даде многу шанси, но кога завршила со тебе - навистина е готово

Жената може да се справи со лажни ветувања, глупави изговори и лаги долго време, но кога ќе ѝ здодее од твоите глупости, таа нема да ти даде втора шанса.

zhenata-mozhe-da-ti-dade-mnogu-shansi-no-koga-zavrshila-so-tebe-navistina-e-gotovo-01.jpg

Жената која сака од дното на срцето е подготвена да ја жртвува својата среќа, потреби и приоритети за тие што ѝ значат сè.

Жената што сака искрено, длабоко и несебично е подготвена да направи сè за специјалните луѓе во нејзиниот живот.

Затоа што во природата на жената е да сака на тој начин. Во природата на жената е да биде емпатична, широкограда и полна со љубов. Во нејзината природа е да биде нежна, но едновремено силна и отпорна.

Затоа запомни го ова: Еднаш кога жената ќе сфати и ќе признае дека ја земаш здраво за готово, таа нема да мисли 2 пати за да си оди. Кога завршила со тебе, ништо нема да ја премисли.

Кога конечно ќе престане да ти дава шанси, единствената опција со која ќе бидеш оставен е да ја прифатиш суровата реалност и да жалиш за своите грешки.

Затоа што сите имаме граници. И кога некој упорно не ги почитува, тој не заслужува прошка.

Можеби мислиш дека кога ќе забележиш дека сака да те остави ќе успееш да ја убедиш да остане со тебе така што ќе ја опсипуваш со комплименти и слатки зборови...

Но, тоа не е лесно. Затоа што таа има самопочит. Таа има достоинство.

Таа нема да дозволи да газиш по неа. Нема да дозволи да ја земаш здраво за готово и да си играш со нејзините чувства.

Да, таа може да ти даде многу шанси, да ти ги простува грешките одново и одново, но ова нема да го прави затоа што е наивна и глупава. Ќе го прави затоа што те сака со целото свое срце. Те сака со секој дел од него и смета дека вредиш.

Верува дека ќе се промениш. Но, сè има граници и откако еднаш тие граници се преминати, нема враќање назад.

Кога ќе ѝ го скршиш срцето на жената, таа нема да ти даде втора шанса.

И, се разбира, пуштањето на некој со кого мислела дека ќе го помине животот и некој кој верувала дека ја сака толку многу како таа него нема да биде лесно.

Нејзиното срце може ќе боли и душата ќе ѝ се распарува, но таа ќе го направи тоа. Нема да дозволи да ја влечеш надолу или да направиш да живее живот каков што не заслужила. Нема да дозволи твојата токсичност да ѝ ја уништува среќата и надежите повеќе.

Таа се сака и почитува себеси доволно за да си признае дека животот ќе ѝ биде многу подобар без тебе. Се сака доволно за да го остави минатото зад себе и да продолжи понатаму.

Затоа ќе се ослободи од тебе и ќе се концентрира на нејзината иднина. Иднина во која нема место за тебе. Иднина во која ќе се чувствува среќно, исполнето и целосно повторно.

Во иднина таа ќе биде со некој кој знае како да ја третира и да ја сака вистински. Некој кој ќе знае да ја цени. Некој кој ќе ѝ ја познава душата и нејзината вредност.

Некој кому нема да му биде потребна втора шанса за да биде со неа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Биди жената која сака некого, а не е зависна од некого Биди жената која сака некого, а не е зависна од некого. Таа што веќе е задоволна...
„Се гледам со оженет маж. Кога е со мене, забораваме на сè.“ Како е да се спие со некого што по сексот ќе се врати во креветот на друга жена?...
Брачниот потпис не менува ништо кај паметниот, но менува кај будалата - совети за љубовта и бракот о... Познатиот психотерапевт Михаил Литвак ја открива тајната каде треба да барате ма...