Љубовта бара напорна работа - не можеш само да си заминеш кога е тешко

ljubovta-bara-naporna-rabota-ne-mozhesh-samo-da-si-zaminesh-koga-e-teshko-01.jpg

Љубовта треба да има сладок вкус. Да ви го прави животот убав. Да ви даде чувство на екстаза.

Треба да го извади најдоброто од вас и да ви помогне да растете. Да ве мотивира светот да го гледате преку розови очила.

Но, љубовта бара напор и многу жртви.

Добрите врски не се случуваат едноставно преку ноќ.

Кога сакаш некого, се бориш со целото свое битие за да го заштитиш тоа што го имате. Прифаќаш компромиси за доброто на врската. Понекогаш правиш работи кои не ти се допаѓаат.

Не си одиш во првиот миг кога ќе искусиш малку драма. Не можеш да кажеш дека сакаш некој и да си заминеш на првата кавга. Врските не функционираат така.

Или си таму и во добро и во зло, држејќи се за раце и бестрашно одејќи низ бурата или воопшто не се врзуваш со некој.

ljubovta-bara-naporna-rabota-ne-mozhesh-samo-da-si-zaminesh-koga-e-teshko-02.jpg

Извини ама љубовта никогаш нема да биде само розово небо, топли прегратки, безгрижни утра и сензуални ноќи. Ќе има болка, тага, гнев, солзи, драма, кавги. И ако ја сакаш личноста до себе ќе сториш сè за да ги поминеш тие тешки мигови.

Кога сакаш некој, не отфрлаш сè поради еден конфликт. Не дозволуваш врската да се распадне само поради глупава кавга.

Кога сакаш некој, седнуваш и зборуваш додека не ги решиш недоразбирањата. Даваш шанса да ти објаснат. Споделуваш мислења. Предложуваш компромиси. Правиш сè за да ја подобриш врската, па дури и да те раздени дискутирајќи.

Кога сакаш некого, остануваш со него. Покажуваш дека се грижиш не само кога работите се добри, туку и кога се најмизерни. Не исчезнуваш и не го оставаш да оди сам низ животот. Подаваш рака и кажуваш дека сè ќе биде добро.

Во ова сте заедно. Што и да искусувате во моментот ако се држите за рака, заедно ќе го преживеете тоа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg