„Се гледав со манипулатор, тоа беше најужасното искуство во мојот живот“

Постојат приказни за онлајн-запознавања кои се еднакви на бајка, но ги има и оние од кои нè полазуваат морници по телото.

Reemtsma_ReeThink_Nannystate_630x343.jpg

Една разведена мајка на две деца решила да си ја проба среќата на овој начин и тоа во прв момент се чинело како успешно, сè додека да сфати во каков вртлог од драма ја вовлекло момчето со кое почнала да се гледа.

Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината исповед:

„Го запознав Антонио на Фејсбук. Контактиравме три недели и одлучивме да се запознаеме. Да не бев сингл мајка можеби и ќе го направев тоа порано.

Се запознавме, ни тргна и одлучивме да поминеме викенд заедно. Кога разговаравме, му кажав дека навистина ми се допаѓа и дека би сакала да сме ексклузивни во гледањето, иако не сме во врска. Рече дека не е подготвен на тоа, на што јас одговорив дека не сакам да ги давам сите бенефити од врска, кога всушност нема реална врска. Потоа се фатив себе како се дообјаснувам дека не сум заинтересирана за брак, ниту за да го запознавам со децата, но дека ми е поудобно да сме ексклузивни и да знам дека го вложувам трудот во нешто што не е уште од старт осудено на пропаст.

Потоа се разделивме, ми беше дури и малку жал што така завршува, но му објаснив дека не ме привлекуваат мажи кои не се заинтересирани за мене на начин на кој сум јас за нив. По неколку дена прекинавме и мислев дека сето тоа заврши. Но, тој продолжи да праќа пораки и откако ги игнорирав, дојде да ме види.

Потоа се извинуваше, па кажуваше дека му недостигам, дека всушност сака да си даде шанса со мене... Бев збунета и исцрпена, па заклучив дека е заинтересиран и му дозволив повторно да биде дел од мојот живот.

И потоа, истата приказна - не е подготвен, многу брзаме, порано лесно се врзувал, но се изгорел... Но, не сакаше ниту да ме пушти да си одам, за да можам да најдам партнер со истите интереси како моите.“

se-gledav-so-manipulator-toa-beshe-najuzhasnoto-iskustvo-vo-mojot-zhivot-02.jpg

„Тоа беше моментот кога ја направив грешката - наместо да му верувам на инстинктот и да се повлечам, си реков себе дека сум пребирлива и дека можеби токму тој е оној кој ми треба да продолжам со нормален живот. Практично, им дозволив на моите срце и полов орган да одлучат наместо мозокот.

Се гледавме речиси секоја вечер и еднаш пратив порака 'Ми недостигаш', на што добив одговор 'Штотуку се видовме, престани да ги брзаш нештата. Ти мене не ми недостигаш.'

Како да се сруши ѕид врз мене... Но, во тој момент ја забележав шемата во неговото однесување. Прво прави сè, па потоа обвинува дека си премногу нападна, па кога се повлекуваш се враќа со ветувања и така во круг. Кога и да се повлечев, тој се враќаше да ме убеди дека претерувам со реакциите.

Се сетив на првиот бакнеж кога добив порака 'Не очекував дека ќе ме бакнеш', на што одговорив дека мислев дека двајцата се бакнуваме, а не дека било еднострано. Потоа, дури и мислев дека јас погрешно сум протолкувала што тој се наведна кон мене за да ме бакне, па го направив чекорот.

Повторно се повлеков и повторно истите пораки и убедувања. Па се случи да имаме еден период во кој сè беше совршено и бевме среќни. Барем јас бев покрај него, а тој се колнеше дека сака да минеме квалитетно време еден со друг.

Еден ден решив да му пратам полусекси селфи, на што добив одговор дека 'Времето заедно е доволно, не ми треба фотографијата' и тогаш ми стана јасно дека не сум јас таа што брза, како што си мислев. По оваа порака престанав со комуникација и мислев дека сето тоа е завршено.“

se-gledav-so-manipulator-toa-beshe-najuzhasnoto-iskustvo-vo-mojot-zhivot-03.jpg

„Потоа почна измачувањето - тврдеше дека бил ексклузивен цело време, дека му е жал, дека сака повторно да сме заедно, потоа ме обвини дека имам нарушување на личноста, дека на моите деца им треба терапевт, ми даде уште неколку дијагнози и тогаш прати порака дека ќе земе ден од работа, за да дојде да ме види.

Му реков да не го прави тоа, но не престана. Дури и пиша дека сака да биде со мене иако имам 'проблеми' и дека ќе премине преку сè.

Се појавуваше пред мојата врата. Неколкупати ми ги исплаши децата. Се заканив со полиција, но на крај еден пријател успеа да го реши сето тоа.

Што ми се случуваше? Мојот мозок беше испран до степен да се сомневам во себе, а не и во другата личност. Тоа беа ужасни неколку недели. Знаев дека нешто не е во ред, но потоа се убедив дека нешто не е во ред со мене. Но, не беше проблемот кај мене, туку кај него.

Да, бев исплашена и понекогаш се плашам дека повторно може да се појави, но она што е сигурно е дека веќе не може да влијае врз мене на истиот начин.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg