Што и да правиш, не му се враќај на мажот што те скрши

Не трчај назад кај него кога се чувствуваш слаба и кога бараш нешто комфорно и познато за да се чувствуваш сакано.

shto-i-da-pravish-ne-mu-se-vrakjaj-na-mazhot-shto-te-skrshi-01.jpg

Не трчај кај него кога тонеш во тага и болка - ако му се јавиш, ќе се каеш потоа. Не трчај во неговата прегратка само затоа што мислиш дека нема да запознаеш некој подобар.

Никогаш не му се враќај затоа што тој не може да го поправи тоа што е скршено. Тој не може да ти го излечи срцето и да ги залепи парчињата.

Ако му се вратиш мислејќи дека овојпат ќе биде поинаку, грешиш. Можеби мислиш дека пораснал и созреал, но откако врската пукнала, довербата е изгубена и љубовта потценета - ретко работите се враќаат во нормала.

Постои ризик повторно да бидеш повредена, но овојпат болката ќе биде многу поголема.

Луѓето ретко се менуваат. Може ќе ти глуми кратко, но ќе се врати на старото.

Доста со оправдувањето „Ама го сакам“.

Тој не те третираше на начин на кој заслужуваш да бидеш третирана. Не те почитуваше и престани да бидеш слаба.

Во неговите раце срцето повторно ќе ти биде скршено и тој повторно ќе те разочара. Не можеш да бидеш со личност која се грижи само за своите себични потреби. Не му дозволувај да те влече наоколу, заслужуваш подобро.

Си го должиш тоа на себе. Заштити си го срцето.

Застани гордо и биди свесна за својата вредност. Вети си дека ќе продолжиш понатаму и дека ќе ти биде подобро без него.

Никој не смее да прави да се чувствуваш дека не си доволна.

Извор

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава