„Среќна сум бидејќи сум сингл на 32 години, а не во лоша врска“
Спиењето сама не е толку осаменичко искуство, како спиењето до некој што не се грижи за тебе.

Исповед на 32-годишна девојка стана вирален хит. Таа открива дека на моменти е осамена, но сепак среќна што е сингл на 32 години.
На шега вели дека една од причините е што избегнала развод.
Таа вели дека општеството е опседнато со врски и дека тоа ѝ прави притисок да чувствува срам што не е дел од некој пар.
Сепак, вистината е дека е подобро да си сингл отколку со некој што не го сакаш вистински.
7 причини зошто повеќе се плашам од лоша врска, отколку да бидам сингл:
Минувањето време сама може да е закрепнување на душата, но минување време со маж што не те почитува е растргнување на душата.

Спиењето сама не е толку осаменичко искуство, како спиењето до некој што не се грижи за тебе.

Целибатот може да биде тежок, но сексот без емоционална поврзаност е уште потежок.

Тешко е сама да се справуваш со разочарувањата, но уште потешко е партнерот да биде извор на тие разочарувања.

Да се биде одговорен сам за сè во својот живот истоштува, но е многу подобро отколку да се биде со некој што ти го контролира животот.

Да се следат своите интереси сам носи осаменост, но да се биде со некој што ги гази твоите интереси е кошмар.

Соочувањето сама со своите мани е предизвик, но полошо е кога некој те критикува постојано.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл?
Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“
„Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“
„Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала
Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“
„Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
