Жената има предност за оргазам: 3 секс-лекции од Кама Сутра

Многумина Кама Сутра ја доживуваат само како колекција на сексуални пози, но истата е многу повеќе од тоа. Освен сексот, античкиот текст се фокусира на односот меѓу љубовниците, како и на самата љубов.

Tajnite od Kama Sutra Soveti za podobar seks 01

Иако советите се стари илјадници години, повеќето правила за квалитетна врска и секс лесно се применуваат и денес.

За древниот индиски мислител Ватсјајан, кој ја напишал Кама Сутра, сексот е дел од природната рамнотежа на животот.

Ова се неговите три правила за максимално сексуално задоволство:

1. Предиграта е клучен дел

Според Кама Сутра, не постои добар секс без предигра. Предиграта не е само физичка.

Кама Сутра вели дека и интимноста е некој вид на предигра, а вклучува добра комуникација и вербално изразување на љубовта.

Авторот на текстот наведува дека е важно љубовникот да покаже на секој можен начин дека сака, а зборовите играат најголема улога во тоа.

Tajnite od Kama Sutra Soveti za podobar seks 02

2. Жената секогаш има предност кога станува збор за оргазам

Познато е дека мажите имаат полесен и побрз оргазам, додека на жените им е потребна поголема стимулација.

Повеќето мажи би помислиле дека е логично тие првите да доживеат оргазам, но Кама Сутра не се согласува.

Поточно, во текстот се наведува дека жената има предност, кога станува збор за оргазам.

Tajnite od Kama Sutra Soveti za podobar seks 03

3. Сексот треба да се цени

Според Кама Сутра, суштината на сексот не е само физичко задоволство. Мора да го гледаме како нешто многу позначајно. Сексот е начин за подобра комуникација.

Колку е подобра комуникацијата, толку е поголема поврзаноста помеѓу љубовниците и нивното задоволство.

Суштината на сексот е, исто така, доверба, отвореност, грижа за партнерот, како физичко, така и емоционално.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg